Дали e здраво да се пие кисела вода?

Фото: Unsplash
793

За почеток, киселата вода е одлична замена за газираните пијалаци кои содржат шеќер и нема негативно влијание врз човечките коски, за разлика од некои газирани пијалаци за кои е откриено дека ја намалуваат густината на коските во женските колкови – барем така вели истражувањето спроведено од Медицинското училиште Харвард.

Постојат многу урбани митови за минералната вода – од тоа дека го извлекува калциумот од коските до уништување на забната глеѓ – но што од следново е точно? Ако имате дилеми околу тоа дали киселата вода е здрава, имате среќа. Нема причина да не продолжите да уживате во пиењето на овој пијалак со меурчиња.

Ако водата содржи додадени ароми, шеќер или лимонска киселина, не е здрава како природната, вели др. Марк Зејдел за Consumer Affairs..

Минералната вода, како заедничко име за газирана вода, со природно или вештачки додаден CO2 и без горенаведените соединенија, не е штетна. Но, некои сè уште тврдат дека не може да ја задоволи жедта како негазираната.

За почеток, киселата вода е одлична замена за газираните пијалаци кои содржат шеќер. Исто така, немате причина да се грижите за глеѓта бидејќи минералот прави занемарлива штета.

Киселата вода нема негативно влијание врз човечките коски, за разлика од некои газирани пијалаци за кои е откриено дека ја намалуваат густината на коските во женските колкови – барем така тврди истражувањето спроведено од Медицинското училиште Харвард.

Сите експерти се согласуваат дека минералната вода е безопасна сѐ додека продолжуваме да пиеме млеко кој е најдобар извор на калциум за нашите коски.

Без разлика на меурчињата, сите оние кои ја пијат препорачаната количина дневно можат да ја заменат со иста количина минерална вода. Покрај тоа, една студија покажала дека луѓето кои пијат минерална вода пијат повеќе вода од другите.

Благодарение на киселата вода ќе добиеме доволно калиум, магнезиум и цинк. Кога киселата вода содржи доволно магнезиум, таа добро влијае на концентрацијата и го намалува чувството на замор.

Помага и при варење и запек. Киселата вода сама по себе не содржи шеќер, таа хидрира и освежува.

Ако се консумира на празен стомак, киселата вода создава и чувство на ситост, па може да биде добар сојузник доколку сте на диета или сакате да ослабнете.

Ако сакате газирана минерална вода, тогаш добрите вести се дека можете да продолжите да ја консумирате! Ако сте навикнати на газирани пијалаци, најдобро решение е водата. Може да ја намали употребата на сокови, што му прави одлична услуга на вашето тело. Ако киселата вода е без вкус, додадете парче лимон, портокал или една јагода. Додадете неколку коцки мраз и направете го вашиот нов омилен пијалак.

Накратко, заклучокот и одговорот на прашањето дали киселата вода е здрава е дека е добра за нас и ако ја сакате, нема причина да не ја пиете.