Селска пита од градска домаќинка: Се прави за „секунда“, се јаде за пет минути

565

Читателката која ни го испрати овој рецепт вели дека и не знае зошто се вика селска пита, но дека е проверено многу вкусна и се прави за „секунда“

Рецептот за оваа селска пита со пченкарно брашно и праз е од нашата читателка Лихнида Дамовска, која вели дека и не знае зошто се вика селска пита, можеби поради празот, ама дека е многу вкусна и се прави за „секунда“. И порачува, никако да не го изоставате празот затоа што токму тој ѝ дава посебен шмек.

Состојки:

7 страпа праз

700 г пченкарно брашно

250 г сирење

650 мл јогурт

сол и путер

Приготвување:

Се пржи празот на тивко со 2 големи лажици путер и 1 лажичка сол.

Од 350 г брашно, 1/2 лажиче сол и 500 мл јогурт се замесува меко тесто. Се мачка големата тепсија од рерната со путер. Се става тестото и убаво се натапкува за да биде што потенко. Се додава празот и се рони сирењето.

Во еден сад се мешаат останатите 350 гр брашно со лажичка сол и 150 мл јогурт. Тестото што се добива е во вид на трошки кои се ставаат врз празот. На крај убаво се попрскува со стопен путер и јогурт и се пече на 220 степени околу 20-25 минути.

Се сервира со топче павлака.