Ќе ви треба: Традиционални рецепти за мамурлак

Илустрација: Freepik
140

Традиционалните и народни рецепти за ослободување од мамурлакот се многубројни и на многумина добро познати. Кај нас најчесто се споменува кисела зелка, супа од домати, вода, незасладено кафе со лимон, јогурт или домашна пилешка супа.

Главоболка, вртоглавица, слабост, гадење, повраќање…или накусо: „утро потоа“. Се разбира, тоа значи утрото по прославата каде што сте испиле повеќе отколку што организмот го смета за пристојно. Накратко, мамурлакот е казна за прекумерно пиење. Состојбата е позната одамна и му нема лек.

Традиционалните и народни рецепти за ослободување од мамурлакот се многубројни и на многумина добро познати. Кај нас најчесто се споменува кисела зелка, супа од домати, вода, незасладено кафе со лимон, јогурт или домашна пилешка супа.

Харинга и кромид – добитна комбинација

Магазинот National Geographic објави статија за најчудните начини за лекување на мамурлакот во различни делови на светот. Во Германија тоа е кисела или маринирана харинга, која Германците ја нарекуваат Rollmops.

Станува збор за тенки филети харинга завиткани околу парче кромид или кисела краставица и се добредојден дел од она што Германците го нарекуваат katerfrühstück, или појадок за мамурлак. Шкембето е храна која Романците ја користат како лек против алкохолни тегоби, а и кај нас е добро позната утринска шкембе чорба за истава намена. Се смета за лек и во Мексико и Турција, како и во други земји.

Киселото млеко прави чуда?
Но, во Романија се прави така што шкембето се вари во многу мрсна вода со коренест зеленчук, лук, оцет и павлака. Полскиот лек за мамурлак се базира на кисело. Некои велат дека киселото млеко (кое е непастеризирано и се остава на собна температура ден-два) прави чуда, додека други тврдат дека е потребно нешто многу покисело, како сок од кисели краставички или оцет.

Записите од познатото средновековно медицинско училиште од Салерно сведочат за сосема поинаква доктрина на тогашните експерти. Тие подучувале според следнава изрека: „Ако виното те победи навечер, напиј се уште малку наутро за да се излечиш“.

Мени за следниот ден
Ви предлагаме неколку традиционални деликатеси кои се применуваат кај нас.

По будењето: испијте чаша или две чаши вода. Сварете силно црно кафе во кое можете да додадете малку сок од лимон (стар народен лек). Ако навистина се чувствувате лошо: изедете чинија супа од домати. Ако можете да помислите на „вистински“ појадок: изедете две кришки интегрален леб со шунка и младо сирење и еден јогурт. Испијте чаша сок од јаболко! Одморете се малку до ручек.
Ручек: Бистра супа од месо со домашни тестенини. Незаобиколната сарма со екстра кисела зелка и пире од компири. Чаша минерална вода. По ручекот се препорачува попладневна дремка. Попладневна ужина: Веројатно досега сте веќе доволно „во форма“ за да посегнете по неколку суви домашни колачи, а со нив испиете чај од нане со лажичка мед и сок од лимон.
Вечера: Тиквички, модар патлиџан, печурки подготвени на грил тавче зачинето со маслиново масло (1 лажица), 50 гр кравјо сирење со 2 лажици павлака, ленено семе и малку црвен пипер, 1 интегрално пециво со семки. Билен чај. Ако одите на „реприза“ на забавата после вечерата, бидете малку попаметни, бидејќи веројатно не сакате реприза „утро потоа“.