Совршено трио за совршена детоксикација

Фото: Freepik
210

Сигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација. А кога ќе ги споите со малку сок од лимон, во телото се случува вистинска магија.

По обилните празнични оброци и овие долги зимски денови во кои јадеме повеќе тешка храна и остануваме дома, на телото очајно му треба темелна детоксикација. Некои од знаците кои предупредуваат дека телото е заситено со токсини се постојан замор, проблеми со меморијата, егзема и други кожни нарушувања, телесни мириси, алергии, запек… Иако детоксикацијата на телото звучи како тешка и напорна задача, не мора навистина да биде така.. За да го поттикнете чистењето на телото од токсините и да го направите тоа лесно, потребни ви се само 2-3 состојки, кои веќе ги имате во вашата кујна.

Сигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација. А кога ќе ги споите со малку сок од лимон, во телото се случува вистинска магија.

Секако, не очекувајте резултати преку ноќ, но со упорност, добар ефект сигурно нема да изостане. Сепак, не заборавајте дека здравата исхрана, соодветната хидратација и активниот начин на живот се некои од другите клучни чекори за успешна детоксикација.

Започнете го денот со овој супер здрав напиток од куркума и јаболков оцет со додаток на лимон. Вашето тело ќе ви биде многу благодарно за тоа.

Придобивките од куркума, јаболков оцет и лимон

Куркумата е еден од најмоќните и најлековитите егзотични зачини, кој со причина го прифати целиот свет. Бројни истражувања ги покажале неговите лековити својства и благотворното дејство врз организмот. На пример, тој е моќен антиоксидант, кој го подобрува здравјето на кожата и го забавува стареењето. Има силни антиинфламаторни својства и значително го намалува ризикот од мозочни и срцеви заболувања.

Куркумата е и вистински заштитник на црниот дроб, најголемиот орган одговорен за детоксикација на телото. Го стимулира производството на важни ензими одговорни за прочистување на крвта што патува до црниот дроб. Овие ензими делуваат така што ги разградуваат токсините или отровите. На овој начин, куркумата дава одличен поттик н   а функцијата на црниот дроб.

Јаболковиот оцет ги исфрла токсините од телото, помага во детоксикација на црниот дроб и лимфниот систем и ја намалува надуеноста. Исто така, дава силно зајакнување на имунитетот, го зголемува нивото на енергија, штити од настинки, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, го подобрува варењето, го балансира нивото на шеќер во крвта, го подобрува здравјето на кожата и придонесува за слабеење.

Лимонот е навистина одличен додаток на овие два бидејќи го стимулира варењето, има својства за чистење, ја зголемува алкалноста на организмот, го освежува телото и му дава силен поттик на имунитетот благодарение на богатството со витамин Ц.