Со вино против болки: Помага при артритис и главоболки

Фото: Unsplash
284

Покрај тоа што примарна намена на виното е да се пие за време на ручекот, тоа има и свое благотворно дејство. Виното може да се користи дури и против болки!

Велат дека една чаша црвено вино дневно е добра за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Сепак, тоа е само еден од магичните дејства на овој боговски напиток.

Покрај тоа што примарна намена на виното е да се пие за време на ручекот, тоа има и свое благотворно дејство. Виното може да се користи дури и против болки!

Следниот рецепт со бело вино ќе ви помогне доколку страдате од главоболки, артритис и менструални грчеви.

Ви требаат:

750 мл мускатно бело вино

50 гр мелена кора од врба

Приготвување:

Прелијте ја со 750 мл слатко бело вино сувата смелена врба.

Добро затворете го шишето, протресете и чувајте го на темно место на собна температура три недели. Потоа процедете ја течноста преку газа или филтер-хартија.

Се пие во доза од 30 мл еднаш или двапати на ден.