Стевиа е најпопуларниот природен засладувач: Што треба да знаете за неа

Фото: Freepik
210

Пазарот е полн со различни видови замени за шеќер, а се попопуларната стевиа се покажа како најздрава опција. Стевиата е природен засладувач кој нема штетно влијание врз шеќерот во крвта. Растението стевиа е лековито и има антибактериско и антиинфламаторно дејство.

Како што веќе знаете дека секое кафе што го пиете не е исто, тоа важи и за засладувачите. Пазарот е полн со различни видови замени за шеќер, а се попопуларната стевиа се покажа како најздрава опција. Стевиата е природен засладувач кој нема штетно влијание врз шеќерот во крвта. Растението стевиа е лековито и има антибактериско и антиинфламаторно дејство.

Стевиата стана толку популарна што почна да се користи и во производството на газирани пијалаци, што е веројатно најпозитивното. Ако претходно сте користеле стевиа, веројатно знаете дека е без калории, но постојат и некои факти кои можеби не ги знаете.

Стевиа е билка
Замената за шеќер е извлечена од растението стевиа ребаудиана, кое расте во Бразил и Парагвај, каде што се користи стотици години за засладување на храната, но и за лекување на изгореници и стомачни проблеми.

Многу е послатка од шеќерот
Иако не содржи калории, екстрактот од растението може да биде 200 пати посладок од истото количество кристален шеќер.

Може да го замени шеќерот при подготовка на колачи
Со стевиа можете да засладите колачи, тартови, па дури и коктели. Но, бидејќи е многу посладок од шеќерот, заборавете на рецептот, бидејќи ќе ви треба многу помалку стевиа. Но, точно колку помалку зависи од производителот, затоа експериментирајте додека не го најдете вистинскиот сооднос.

Но, не можете да ја користите за карамелизирање
Стевиата нема да зарумени како шеќерот, затоа заборавете на крем бруле.

Можете да ја купите во облик на течност или како концентрат во прав
Може да биде во мало шишенце како екстракт од ванила или како прашок, кој е малку помалку зрнест од гранулираниот шеќер, или во зрнеста форма, како шеќер. Секоја форма содржи различна концентрација на сладост, затоа прочитајте ја етикетата пред да ја користите во рецепт.

Стевиата што ја купувате во продавница не мора да биде целосно природна
Иако е растение, за да може што подолго да „преживее“ на полицата на супермаркетите, многу производители сепак му додаваат други состојки, како што се шеќерен алкохол и екстракт од лист од стевиа.

Иако не содржи калории, тоа не значи дека ќе ослабнете ако ја користите како замена за шеќер
Стевиата на многу луѓе им звучи како магично решение за слабеење, но нема докази дека оваа замена за шеќер ќе потисне нечија желба за слатки и дека нема да посегнете по други слатки за да го замените она што сте го исфрлиле од колачот или кафето.