Добро обрнете внимание: Еве што значат налепниците на бананите

Фото: Pexels
545

Ако не знаете што значат налепниците на бананите и на другите овошја, прочитајте и дознајте. Од нив ќе дознаете дали овошјето е одгледано конвенционално, органски или е генетски модифицирано.

Бананите, како и другите овошја, имаат етикети кои повеќето луѓе не ги гледаат или не знаат што значат. Доколку спаѓате во таа група, во оваа статија дознајте што значат тие налепници. Постојат три различни шифри, а броевите идентификуваат дали овошјето е одгледано конвенционално, органски или е генетски модифицирано.

Живееме во време кога сме опкружени со разни отрови. Тие се дури и во храната што ја консумираме. Но, постојат начини да ги избегнете…

Кога купувате увозно овошје, внимавајте на бројките на налепниците.

Налепници на бананите
Декларациите првенствено се однесуваат на овошје увезено од странство, а ова е значењето на тие броеви:

Налепница со четири броја

Ако овошјето има декларација со четири броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, тоа значи дека се одгледувало со вештачки ѓубрива, односно според земјоделски правила кои важат во последните 50 години. На пример, ваквите лимони се означени со 4033, додека бананите се нумерирани со 4011.

Налепница со пет броеви

Ако на овошјето нема четири броја, туку пет – од кои првиот број е 9, тоа значи дека плодот е органски одгледан. Ваквата декларација гарантира дека плодот се одгледувал без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледаните банани го носат бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова е можеби најважната декларација и претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава по петте броја, од кои првиот секогаш е цифрата 8. Ваквите банани го имаат бројот 84011.

Банани за здравје
Бананите се полни со влакна, витамини, протеини и минерали. Поради своите енергични и хранливи состојки, заслужено го освои првото место меѓу овошјето и треба да биде на дневното мени на секој човек, без разлика на возраста. Сепак, внимавајте на налепниците.