Тренд на TикТок со над 22 милиони прегледи: Дали оваа салата е лекот што долго го баравме?

Фото: Pixabay
780

Според објавите на TикТок, јадењето салата од сиров морков им помогнало на некои корисници да ја исчистат кожата склона кон акни, да ги олеснат менструалните грчеви и да ги балансираат нивните хормони

Без разлика дали станува збор за фитнес, домаќинство, храна или мода, ТикТок е местото каде што ги запознаваме новите трендови. Понекогаш се тоа комплицирани предјадења или организација на станот, но често можеме да најдеме и вкусни и едноставни рецепти во кои се користат навидум здодевни состојки. Верувале или не, во моментов е актуелна салата од сиров морков, а креаторите на овие видеа наведуваат дека ова јадење е одлично за хормоналното и за здравјето на цревата, а може да се подготви за само неколку минути.

За да ви ја приближиме виралноста на овој тренд, хаштагот #rawcarrotsalad има повеќе од 22,1 милиони прегледи на ТикТок. Видеата со тој хаштаг покажуваат како да направите салата од сиров морков дома, обично со само неколку додатоци како јаболков оцет, морска сол и сок од лимон. Покрај тоа, тие ги наведуваат потенцијалните придобивки што може да ги донесе честото консумирање на салатата.

Пред да тргнете во продавница или на пазар по моркови, еве неколку работи што треба да ги знаете за овој тренд.

Како да подготвите салата од сиров моркови?

Секој има свој рецепт за салата, без разлика дали станува збор за зелена салата или салата од морков. Што е одлично затоа што можете да креирате верзија која ви одговара вам.

Основата е секако голем морков, за да можете да го излупите и исечете на ленти. Добиената салата лесно се јаде и се зачинува, а парчињата се доволно тенки за да се јадат со вилушка или дури и со стапчиња за јадење.

Кога ги подготвувате и лупите морковите, можете да направите едноставен прелив за да го подобрите вкусот. На ТикТок, повеќето рецепти вклучуваат малку оцет (јаболков оцет е особено популарен), прстофат морска сол и малку свежо мелен црн пипер, иако некои додаваат цеден сок од лимон или малку кокосово масло. Ние би додале и малку маслиново или ладно цедено сончогледово масло, згмечено чешне лук и семки од сончоглед.

Кои се придобивките од оваа салата?
Морковите содржат многу биолошки активни соединенија, или фитохемикалии, кои се поврзани со повеќе здравствени придобивки. Вообичаените фитохемикалии кои се наоѓаат во морковите вклучуваат каротеноиди (како бета-каротин), витамин Ц и фенолни соединенија. Каротеноидите се значаен извор на витамин А и се поврзани со антиоксидантна активност, нормална имунолошка функција и здрав вид. Како и каротеноидите, витаминот Ц исто така има антиоксидативно дејство во човечкото тело. Фенолните соединенија, вклучувајќи флавоноиди и антоцијани, може да играат улога во метаболизмот на холестеролот и да имаат антиинфламаторно дејство. Морковите се исто така добар извор на диетални влакна и елементи во трагови како молибден и манган.

Според објавите на ТикТок, јадењето салата од сиров морков им помогнало на некои корисници да ја исчистат кожата склона кон акни, да ги олеснат менструалните грчеви и да ги балансираат нивните хормони. Сепак, д-р мед. Лаура Парди, главен медицински службеник во Wisp, вели дека салатата од морков можеби не е брзо решение за здравјето на хормоните како што тврдат некои на интернет.

@samwolkwellness

this salad alone will NOT heal your gut and hormones. it’s simply a great addition when focusing on total body nourishment, gut, hormone, and liver support. #rawcarrotsalad #drraypeat #raypeat #hormonehealth #guthealth #detox #hormonebalance #nutritionaltherapy

♬ Mariella – Khruangbin & Leon Bridges

„Трендот на салата од сиров морков е резултат на сознанието дека влакната кои се наоѓаат во морковите можат да им помогнат на вашите црева, клучен фактор за регулирање на хормоните, да го намалат нивото на естроген. Иако тоа е можно, важно е да се напомене дека не постојат научни докази кои директно ја поврзуваат салатата од сиров морков или сировиот морков воопшто со намаленото ниво на естроген“, вели д-р Перди.

Тоа не значи дека оваа салата е лоша, но сè уште не е докажано дека всушност ги нуди здравствените придобивки што корисниците на ТикТок ги нагласуваат.

Ако сте загрижени за вашето хормонално здравје, секогаш е важно прво да разговарате со вашиот лекар пред да направите какви било драстични промени во животниот стил. Перди вели дека ако имате проблем со вашето хормонално здравје, вашиот лекар може да препорача работи како вежбање, лекови или храна богата со протеини и здрави масти како јајца, риба, леќа, авокадо и јаткасти плодови.