Дали знаевте дека авокадото може да остане свежо неколку недели ако го ставите цело во вода во фрижидер?
Веќе со недели на социјалните мрежи се шири најновиот трик кој заштедува пари и го спречува фрлањето храна. Поточно, го спречува скапувањето на авокадото.
Ова на својот Фејсбук профил го сподели Лиза Вилијамс од Јужна Каролина од САД, која тврди дека авокадото може да трае „вечно“ ако се стави во обична вода, а потоа се стави во фрижидер.
„Внимание, љубители на авокадо, ова ќе ви го промени животот. Дали знаевте дека авокадото може да трае вечно ако го ставите во вода во фрижидер?
Ова авокадо е во вода цели две недели. Совршено е. Другите две од контролната група што ги оставив во исто време на пултот во кујната скапуваат. Останав без зборови“, напишала Лиса на својот Фејсбук со фотографии како доказ.
Трикот досега е споделен повеќе од 200.000 пати на Фејсбук, а го испробале многумина и ја потврдиле неговата ефикасност.
Важно е целото авокадо да го потопите во чиста вода и да го чувате во фрижидер додека не ви затреба. Некои велат дека така го задржале четири недели, а кога го пресекле било совршено.
Не ви гарантираме дека е ова точно, но дефинитивно ќе испробаме.