Чај од цимет – природен лек за дијабетес и висок шеќер во крвта

Фото: Unsplash
1.631

Aко ве мачи отпорност на инсулин поради дијабетес тип 2 или имате полицистични јајници, ви препорачуваме чај од цимет, кој природно ќе го подобри вашето здравје.

Чајот од цимет е еден од најефикасните начини за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Во списанието Diabetes Care, шест лица со дијабетес тип 2 додале меѓу еден и шест грама цимет во нивната исхрана во текот на 40 дена. Со исклучок на тоа што додале цимет во прав, тие не ја промениле исхраната. На крајот на студијата, нивото на гликоза во крвта им паднало помеѓу 18 и 29 проценти! Тие, исто така, го намалиле и нивото на холестерол за дури 7 проценти, додека некои постигнале стапка на успех од дури 27 проценти.

Подгответе го ова ароматично задоволство дома и држете ги под контрола холестеролот и гликозата. Уживајте во вкусот на чајот од цимет двапати дневно и пригответе го на многу едноставен начин.

Оставете ја водата да зоврие и додадете 1 лажичка цимет. Оставете да отстои 15 минути. Водата ќе стане кафена. Исцедете го низ ситна цедалка и испијте го.

Денес не можеме ни да замислиме да немаме цимет во кујнскиот шкаф, особено за време на божиќните празници! И добро е што е така бидејќи циметот е чудо!

Цимет и мед

Циметот е богат со антиоксиданти и феноли кои се незаменливи борци во борбата против инфекциите. Древната кинеска медицина користела цејлонски цимет за лекување на настинки, главоболки, гадење и општа слабост.

Во Ајурведата, цејлонскиот цимет е природен лек за дијабетес и подобро варење. Современите истражувања потврдуваат дека цејлонскиот цимет има исклучително позитивни ефекти врз здравјето на луѓето, па затоа испијте шолја од овој здрав напиток дури и ако немате здравствени проблеми.

За настинки, грип и синузитис, во чајот со лимон и мед додадете половина лажичка цимет. Исто така, за настинка, кашлица и синузитис, три дена по ред земајте една лажица мед со додавање четвртина лажичка цимет. Тоа е најуспешниот рецепт за овие заболувања.

Од друга страна, во случај на тегоби со варењето или ако сте консумирале храна од која ви е тешко на желудникот, додадете половина лажичка цимет во топла вода или чај – тоа ќе ви ја ублажи непријатноста.

Исто така, локалната примена на чај од цимет или цимет во прав помага при вагинални инфекции. Секако, циметот можете да го користите и во други форми во вашата кујна: Благодарение на неговите затоплувачки својства и рафинираниот сладок мирис и вкус, со задоволство го додаваме во топли пијалаци или колачи и мафини во зима.

Многу луѓе најчесто го користат како додаток во пити и колачи со јаболка, бидејќи навистина одлично оди со ова овошје. Покрај јаболката, совршен е и циметот во комбинација со печен грејпфрут.

Циметот одлично оди со овес, мед, банани, бадеми, каранфилче, тиква, моркови, слатки компири. Затоа, ставете го во вашата кујна и започнете со миризливо готвење, јадење и зачинување.