Куркума и јаболков оцет – одлично дуо за детоксикација на телото

Фото: Unsplash
564

Сигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација. А кога ќе ги споите со малку сок од лимон, во телото се случува вистинска магија.

По овие долги зимски денови во кои јадеме повеќе тешка храна и остануваме дома, на телото очајно му треба темелна детоксикација. Некои од знаците кои предупредуваат дека телото е заситено со токсини се постојан замор, проблеми со меморијата, егзема и други кожни нарушувања, телесни мириси, алергии, запек… Иако детоксикацијата на телото звучи како тешка и напорна задача, не мора да биде така. За да го поттикнете чистењето на телото од токсините и да го направиме тоа на полесен начин, потребни ни се само 2-3 состојки кои веќе ги имаме во кујна.

Сигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација. А кога ќе ги споите со малку сок од лимон, во телото се случува вистинска магија.

Секако, не очекувајте резултати преку ноќ, но со упорност, добар ефект сигурно нема да изостане. Сепак, не заборавајте дека здравата исхрана, соодветната хидратација и активниот начин на живот се некои од другите клучни чекори за успешна детоксикација.

Започнете го денот со овој супер здрав напиток од куркума и јаболков оцет со додаток на лимон.

Придобивките од куркума, јаболков оцет и лимон

Куркумата е еден од најмоќните и најлековитите егзотични зачини, кој со причина се рашири низ целиот свет. Бројни истражувања ги покажале неговите лековити својства и благотворното дејство врз организмот. На пример, тој е моќен антиоксидант, кој го подобрува здравјето на кожата и го забавува стареењето. Има силни антиинфламаторни својства и значително го намалува ризикот од мозочни и срцеви заболувања.

Куркумата е и вистински заштитник на црниот дроб, најголемиот орган одговорен за детоксикација на телото. Го стимулира производството на важни ензими одговорни за прочистување на крвта што патува до црниот дроб. Овие ензими делуваат така што ги разградуваат токсините или отровите. На овој начин, куркумата дава одличен поттик на функцијата на црниот дроб.

Јаболковиот оцет ги исфрла токсините од телото, помага во детоксикација на црниот дроб и лимфниот систем и ја намалува надуеноста. Дава силно зајакнување на имунитетот, го зголемува нивото на енергија, штити од настинки, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, го подобрува варењето, го балансира нивото на шеќер во крвта, го подобрува здравјето на кожата и придонесува за слабеење.

Лимонот е навистина одличен додаток на овие два бидејќи го стимулира варењето, има својства за чистење, ја зголемува алкалноста на телото, го освежува и му дава силен поттик на имунитетот благодарение на богатството со витамин Ц.

Детокс напиток од куркума и јаболков оцет – РЕЦЕПТ

Започнете го денот со овој супер здрав напиток од куркума и јаболков оцет со додаток на лимон. Вашето тело ќе биде многу благодарно за тоа. Доколку сакате, можете да го пиете неколку пати на ден, за уште подобри резултати.

Повремено можете да ја замените куркумата во рецептот со свеж ѓумбир, кој исто така е одлична детоксикациска состојка.

Состојки:

1 лажица јаболков оцет

¼ лажичка куркума во прав

1 лажица сок од лимон, свежо исцеден

1 чаша топла вода

½ лажица јаворов сируп или мед

прстофат каенски пипер

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и испијте го напитокот веднаш. Рецептот за пијалакот за детоксикација вклучува и каенски пипер. Овој моќен зачин делува така што ја зголемува апсорпцијата на куркумата, ја стимулира циркулацијата, ја зголемува алкалноста на телото и природно ја ублажува болката.