Што треба да јадете ако имате хипотироидизам или страдате од Хашимото?

Фото: Pexels
326

Штитната жлезда која слабо работи може малку да се активира со правилна исхрана. А храната богата со јод, тирозин, цинк и селен може да придонесе за тоа.

Aко имате хипотироидизам или страдате од Хашимото, секако треба да внимавате на исхраната. Кога тироидната жлезда слабо работи, со правилен избор на намирници можете да ѝ помогнете малку да се активира. Храната што е богата со јод, тирозин, цинк и селен може да придонесе за тоа.

Затоа гледајте на вашето мени почесто да ги имате следните намирници:

Риба

Рибите како лососот, сардините, пастрмката и туната се богати со омега-3 масни киселини и генерално се добри за нашето здравје, а помагаат и при хипотироидизам бидејќи се одличен извор на селен.

Јаткасти плодови

Тие исто така содржат голема количина на селен, особено лешниците, индиските и бразилските ореви. Една шака јаткасти плодови дневно ќе ви послужат како ужина, а можете да ги додадете и во вашите омилени јадења, во салати или разни тестенини.

Свежо овошје и зеленчук наместо термички обработени

Зголемувањето на телесната тежина е еден од раните симптоми на хипотироидизам. За да ја намалите телесната тежина и во исто време да го одржите доброто здравје на тироидната жлезда, важно е да внесувате свежо овошје и зеленчук во исхраната наместо термички обработени, бидејќи тие се поздрави во таа форма.

Хранливите материи потребни за тироидната жлезда, односно нашето тело, се губат со термичка обработка.

Морски алги

Оваа храна често се наоѓа на менито на вегетаријанците и веганите, а одлична е и за тироидната жлезда бидејќи содржи висока концентрација на јод.

Оваа хранлива материја е од суштинско значење за правилната функција на оваа жлезда и производството на нејзините хормони. Алгите се богати со влакна, калциум и витамини А, Б, Ц, Е и К.

Мешунки

Хипотироидизмот доведува до недостаток на енергија, а телото може да се „наполни со енергија“ со помош на разни мешунки кои се богати со протеини, антиоксиданти, сложени јаглехидрати, витамини и минерали.

Тие содржат влакна и затоа се одлични за варење. Гравот, грашокот, леќата и наутот се само дел од нив и треба да ги внесете во секојдневната исхрана.