Јапонски истражувачи направиле електрични стапчиња за јадење кои му го менуваат вкусот

Фото: Meiji University
121

Јапонските истражувачи развија компјутеризирани стапчиња за јадење кои ја регулираат соленоста на храната и би можеле да им помогнат на луѓето кои треба да го намалат внесот на натриум од здравствени причини.

Прекумерниот внес на натриум е поврзан со зголемена инциденца на висок крвен притисок, мозочен удар и други болести.Јапонските истражувачи развија компјутеризирани стапчиња за јадење кои ја регулираат соленоста на храната и би можеле да им помогнат на луѓето кои треба да го намалат внесот на натриум од здравствени причини.

Стапчињата, развиени во соработка помеѓу професорот на Универзитетот Меиџи во Јапонија, Хомеи Мијашита и производителот на пијалоци Kirin Holdings Co., помагаат да се подобри вкусот на храната со користење на електростимулација и мини-компјутер кој се носи околу зглобот, како нараквица.

Уредот користи слаб електрицитет за да ги пренесе натриумовите јони од храната преку стапчињата за јадење до устата, каде што се создава чувство на соленост, рекол Мијашита.

Како резултат на тој процес, солениот вкус се засилува за еден и пол пати.

Мијашита и членовите на неговата лабораторија истражувале различни начини на кои технологијата може да ги стимулира човечките сетилни искуства.

Научникот претходно развил и ТВ екран кој може да имитира различни вкусови на храна.

Стапчињата кои го подобруваат вкусот на храната се од особено значење за жителите на Јапонија, каде што традиционалната исхрана ги фаворизира посолените вкусови.

Просечен возрасен Јапонец консумира околу 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаната количина од Светската здравствена организација.

Прекумерниот внес на натриум е поврзан со зголемена инциденца на висок крвен притисок, мозочен удар и други болести.

За да го спречиме развојот на овие болести, треба да ја намалиме количината на сол што ја внесуваме во телото, изјави истражувачот Кирин Аи Сато.

Мијашита и Кирин ги усовршуваат своите прототип стапчиња и се надеваат дека ќе можат да ги комерцијализираат веќе следната година.

Извор: zimo.dnevnik.hr