10 кујнски трикови кои ќе ги паметите: Генијални совети кои заштедуваат нерви, време и пари

Фото: Pexels
296

На краставиците, дури и кога се малку овенати, постои начин да им ја вратите крцкавоста, а на стариот леб можете лесно да му ја вратите свежината…

Благодарение на малите кулинарски трикови, навистина можете да го скратите времето поминато во кујната, но и да го олесните подготвувањето на храната. Освен тоа, ќе го избегнете фрлањето на храна – како стар леб или зеленчук на кој веќе му се гледа крајот.

Еве ги триковите кои сигурно ќе ги испробате и ќе ги запомните.

Авокадо за нетрпеливи
За да можеме да уживаме во вкусното авокадо, често мораме да почекаме неколку дена да созрее, бидејќи во продавниците најчесто пристигнува незрело. Иако бојата на кората може да помогне при изборот, таа не е секогаш најдобар показател за зрелоста бидејќи може да доведе до заблуда. Доколку сакате да го забрзате зреењето, најдобро е авокадото да го чувате на собна температура во хартиена кеса со јаболко или банана, што ќе го забрза процесот.

Лупење јајца
За да ги излупите јајцата што е можно побрзо и полесно, во топлата вода за варење додадете една лажичка сода бикарбона. Сода бикарбоната ја зголемува алкалноста на водата, што пак помага да се опуштат белките од внатрешната мембрана на јајцето, што го олеснува лупењето. Ако вареното јајце го потопите во ладна вода со парчиња мраз, ќе го запрете процесот на понатамошна термичка обработка и ќе го олесните лупењето.

Посочно месо
Месарите многу добро знаат дека мекоста, изгледот и вкусот на печеното месо зависи и од начинот на сечење пред да се стави во тавче. Добро погледнете го сировото парче месо и дознајте во која насока се движат мускулните влакна во него. Сечете со нож попречно од правецот на влакната. На овој начин ќе ги скратите, а месото ќе стане полесно за џвакање. Дополнително, за побрза подготовка, послужете се со чекан за месо: не само што ќе ви помогне да го израмните парчето месо и на тој начин да ја олесните рамномерната термичка обработка, туку и со удирањето ќе го омекнете тврдото парче.

Пица без чекање да надојде тестото
Не мора да чекате тестото за пица да нарасне на топло место, па дури и да користите квасец. Кога сте гладни и ви треба скратена постапка, доволно е да користите јогурт, брашно и прашок за пециво. Додадете околу 3,5 чаши брашно во 2 цврсти јогурти. Како мерка нека послужи една чаша јогурт. Најдете го рецептот овде.

Новиот живот на краставиците
Дури и ако краставиците се малку овенати, постои начин да им се врати свежината и крцкавоста. Методот е едноставен: едноставно исечете ги по должина на кришки и ставете ги во тегла или висока чаша. Наполнете го садот со вода до врвот и ставете го во фрижидер. По околу ден или два, треба да забележите дека парчињата краставица се покрцкави од претходно.

Омекнување на путерот
Многу рецепти бараат путер на собна температура, што значи дека треба да биде ладен на допир. Рецептите (како што се некои видови пити) може да бараат и ладен путер, што значи дека треба да се извади од фрижидер непосредно пред да го користите. Ако барате омекнат путер, земете го предвид времето што ќе го помине на собна температура при подготовката на рецептот. Доколку сакате да го забрзате процесот, можете да користите микробранова печка или да го исечете путерот на коцки, да ги ставите во херметички затворени кесички и да ги потопите во млака вода.

Трик кој ја враќа свежината на лебот
Стариот и тврд, но сепак леб кој сѐ уште е добар за јадење може да биде извор на разни гастрономски експерименти. Од него можете да направите презли, но можете да го користите и за да направите пудинг од леб и слични јадења. Но, можете и да му ја вратите истата оригинална свежина. Целото парче леб што сте го оставиле ставете го под млаз вода од чешма неколку секунди. Важно е површината на лебот добро да се натопи, но да не и да се потопи во течноста. Натопениот леб печете го во загреана рерна на 170 Целзиусови степени околу пет до 10 минути. Внимавајте да не изгори.

Лупење на лук
Кога треба да излупите цела главица – и тоа брзо, само треба да ја преполовите главицата хоризонтално, да ја ставите на даска за сечење и цврсто да ја поклопите со широк и рамен нож. Кората од лукот ќе остане во едно парче и доволно е само да ја одвоите. Овој трик најдобро делува ако користите лук кој некое време „одлежал“, односно не е сосема свеж.

Панирање зеленчук
За да го намалите нередот во кујната, ставете ги јајцето, брашното и презлата во посебни кутии со капаци. Во секоја кутија ставете по едно парче зеленчук што сакате да го премачкате, затворете го и добро протресете го. Повторете го процесот со секоја кутија додека не добиете совршено панирано парче зеленчук. Наместо кутии, можете да користите и поголема пластична кеса за замрзнување.
Побрзо ладење на пијалаците
За да изладите лименка (или шише) пиво, вино или сок за исклучително кратко време, сѐ што ви треба е сад со вода, мраз и сол. Истурете ладна вода во садот и додадете мраз. Додадете неколку лажици сол што ќе го забрзаат ладењето, добро измешајте и ставете ја лименката, шишето или што и да е друго во кое е пијалакот што сакате да го оладите. За помалку од пет минути, ќе имате разладен пијалак.