3 појадоци за 5 минути: Идеи за добро утро и поздрав почеток на денот

Фото: Pexels
447

Здравиот појадок може да биде готов за помалку од 5 минути и да биде вкусен и заситен. Ви пренесуваме три рецепти совршени за почеток на денот… и годината.

Ако сте останале без идеи за појадок, вистински појадок, а не нешто од пекара на пат кон работа, ви предлагаме три брзи рецепти за првиот оброк во денот.

Заедничко за овие појадоци е тоа што се готови за само 5 минути, а се здрави и дефинитивно ќе ве држат сити до ручек. Без разлика дали ќе изберете солено или слатко, течно или крцкаво – зависи од вас.

Тост со авокадо и јајце
Тост со авокадо и пржено јајце е најпопуларниот појадок бидејќи е многу вкусен, а најдобро е што можете сами да го подготвите многу лесно. Еднакво вкусно ќе биде и ако е јајцето поширано, тврдо или меко варено.

Некој добар леб, леб со семки или цели зрна ќе го направат тостот поинтересен. Авокадото треба да е зрело, но не презрело, а за зелениот намаз ќе ви треба само вилушка и некои зачини. Тостот можете да го збогатите со тенко парче домат, чаден лосос или пршут.

Состојки за тост со авокадо и јајце
¼ авокадо
¼ лажичка мелен пипер
⅛ лажичка лук во прав

1 парче леб од цело зрно, потпечен
1 големо јајце, поширано, пржено или варено
сок од 1 лимета

Приготвување:
Во помал сад ставете ги авокадото, пиперот, лукот во прав и сокот од лимета и нежно изматете со вилушка.
Јајцето пропржете го или сварете, по потреба исечете го.
Потпечете го лебот, намачкајте го со намазот од авокадо и одозгора ставете јајце.

Овесна каша со јаболка и цимет
Овој појадок не само што е лесен и готов за помалку од 5 минути, туку не мора ни да го подготвувате наутро. Овесната каша подгответе ја навечер, без готвење, а наутро ќе треба само да ја промешате, засладите и да ја јадете.

Ќе ви даде доволно енергија за сите дневни предизвици, а има вкус на торта. За малку крцкавост и сладост додадете една лажица од омилената гранола, а за помалку слатка варијанта само измешајте ореви. Подготвената каша со јаболка и цимет можете да ја чувате во фрижидер 2 до 3 дена.


Состојки за овесна каша со јаболка и цимет:
½ чаша овесни снегулки
½ шолја бадемово млеко
1 јаболко, исечено на коцки
малку сок од лимон
⅛ лажичка цимет
1 лажица крупно мелени ореви или гранола
1 лажичка мед (или по вкус)

Приготвување на овесна каша со јаболка и цимет:
Овесните снегулки ставете ги во стаклен сад и прелијте ги со млеко.
Сечканото јаболко накапете го со малку сок од лимон, посипете со цимет и додајте го во садот со кашата. Оставете во фрижидер преку ноќ.
Наутро посипете со јаткасти плодови или гранола и засладете со малку мед.

Смути од боровинки
Смути од боровинки е супер хранлив и супер вкусен појадок или ужина што ќе им се допадне на сите кои не го сакаат класичниот појадок, но затоа сакаат – сладолед. Тајната состојка сигурно ќе ве изненади – замрзнат карфиол! Нема да го почувствувате, но ќе додаде повеќе витамини на вашето смути и ќе му дадете прекрасна кремаста текстура.

Се разбира, можете да ги менувате и овошјето и зачините по сопствен вкус. Експериментирајте со млад спанаќ, грчки јогурт, овесни снегулки, чиа семе, здробени бадеми или свежо овошје.

Состојки за смути од боровинки:
1 ½ чаша замрзнати боровинки или мешани бобинки
1¼ шолја бадемово млеко (или повеќе по потреба)
1 чаша цветчиња карфиол, замрзнати
1 банана, замрзната
2 лажици путер од кикиритки
1 лажица мед
1 лажица свеж сок од лимон
парче свеж ѓумбир, по желба

Приготвување на смути од боровинки:
Во блендер ставете ги боровинките, бадемовото млеко, карфиолот, бананата, путерот од кикиритки, медот, сокот од лимон и ѓумбирот и матете додека смутито не стане кремасто. Доколку е потребно, додадете уште млеко.
Послужете и уживајте.