Фенстерчино, најскапото кафе во Европа: Капучино во чоколадиран корнет (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук
221

Дали сте доволно луди за да потрошите 11 евра на кафе? Зошто да не, велат дека вреди. Ако патот ве доведе во Виена, можете да го побарате Фенстер Кафе и да го пробате нивното хит капучино во корнет обложен со чоколадо

Оние кои го пробале ова капучино кое го прават во Фенстер Кафе во Виена, Австрија, велат дека вреди за сите пари. Станува збор за најскапото кафе во Европа. Чини 11 евра, а добивате кафе плус вафла, односно, кафе послужено во корнет обложен со чоколадо.

А кафето е божествено. Фенстерчино! Така го викаат својот специјалитет во ова мало кафуле во кое кафето ќе ви го послужат во корнет од вафла, обложен со чоколадо. Во корнетот се истура капучиното, а потоа и кремастата пена. Чоколадото веднаш почнува да се топи, мешајќи се со кафето.

Претпоставуваме, станува збор за тотална сензација на вкусови. Барем така изгледа.