4 рецепти за домашен квасец: За тесто што расте како лудо!

Фото: Pixabay
4.501

Еве неколку рецепти за да подготвите домашен квасец, а вие одберете ја најдобрата варијанта. Имате побрзи и побавни, со брашно и вода, но и со компир, јаболко…

Рецептот за подготовка на домашен квасец е многу едноставен, а единствената „маана“ е што подготовката трае неколку дена, но штом вашиот квасец ќе биде подготвен за употреба, со секојдневно „хранење“ ќе можете да го користите во неограничени количини. Внимателно следете ги рецептите и нема да згрешите.

Древните египетски цивилизации користеле квасец и процес на ферментација за дигање на тестото уште пред 5.000 години, без да го знаат хемиското дејство на квасецот.

Пекарскиот квасец бил и останува незаменлива состојка во правењето леб ширум светот.

Квасецот е овална или тркалезна едноклеточна габа, невидлива со голо око, која спаѓа во групата на микроорганизми.

Постојат неколку видови квасец од кои е можно да се произведе леб, пиво, вино, жестоки пијалаци или гориво на база на етанол. Научното име на најпознатиот вид на квасец е Saccharomyces cerevisiae. Овој вид е многу силен и способен за ферментација. Почесто се нарекува пивски квасец и пекарски квасец.

За да се репродуцираат и растат клетките на квасецот, потребна им е енергија, која ја добиваат од разни шеќери. Квасците ферментираат шеќери во процес наречен алкохолна ферментација, чии крајни производи се јаглерод диоксид и алкохолот етанол, кои клетките на квасецот го ослободуваат во околната течност.

Во печењето, кога квасецот го ферментира шеќерот од брашното и додадениот шеќер, јаглерод диоксидот не може да избега бидејќи тестото е еластично и растегливо, а добиениот гас предизвикува тестото да нарасне. Така се родил терминот „квасен леб“.

Пекарскиот квасец е жив и активен. Постои во различни форми кои можат да ги задоволат различните потреби на пекарската индустрија: свеж, сув или течен.

Пивскиот квасец се нарекува и прехранбен квасец и се користи како додаток во исхраната.

Овошен квасец
Состојки:

1 јаболко
750 грама остро брашно
520 мл вода

Приготвување:

Јаболкото исечете го на половина, извадете го јадрото и изрендајте го во сад.

Измешајте половина кг брашно со 350 мл вода, додадете го ренданото јаболко и сè добро затворете во тегла.

По три дена смесата ќе нарасне и ќе се појават меурчиња.

Половина од смесата фрлете ја, а другата половина измешајте ја во сад со 250 грама брашно и 170 мл вода. Добро затворете ја смесата во тегла и оставете ја неколку дена на собна температура.

Кога ќе се појават меурчиња, вашиот квасец е подготвен за употреба.

За совршен леб потребни ви се 250 грама квасец, а остатокот од смесата продолжете да го одржувате со додавање брашно и вода потребни за смесата да биде ретка.

Квасец од житарки
Првиот ден измешајте 20 гр брашно и 20 мл вода за да добиете хомогена смеса.

Вториот ден измешајте уште 20 грама брашно и 20 мл вода и убаво измешајте ја смесата уште два пати во текот на денот.

Третиот ден додадете уште 30 грама брашно и 30 мл вода и измешајте уште два до три пати во текот на денот.

Четвртиот ден извадете половина од смесата и повторете ја постапката од третиот ден.

Направете го истото петтиот и шестиот ден.

Седмиот ден, вашиот квасец е подготвен за употреба.

Квасец од компир
Сварете еден компир на коцки додека добро не се свари.

Исцедете го, но зачувајте ја водата. Измешајте ги компирите со една лажичка сол и една кафена лажичка шеќер. Оставете ја смесата да се излади и додадете четвртина од водата во која се варел.

Оставете ја смесата да отстои неколку дена.

Квасец за тесто

200 гр интегрално брашно
1 дл топла вода
1 лажичка мед

Приготвување:

Измешајте 50 гр интегрално брашно и 1 дл топла вода.

Додадете 1 лажичка мед или јачменов слад.

Измешајте, ставете во стаклена тегла, покријте со крпа и оставете да отстои на топло место.

Следниот ден промешајте и повторно поклопете.

Вечерта на третиот ден, кога ќе се појават меурчиња, додадете 150 гр брашно и 1,5 дл вода.

Добро измешајте и повторно покријте ја теглата.

Четвртиот или петтиот ден смесата ќе биде готова за подготовка на тестото.

Земете 1 грст квас, а остатокот (оставете го во стаклена тегла) и чувајте го затворено во фрижидер.