Мапа на најпопуларните јадења во европските земји: За Македонија се издвојува тавче-гравче

Фото: Terrible Maps
1.649

На картата се прикажани најпопуларните јадења во европските земји. Ако не можете да видите, како најпопуларно јадење за Македонија е наведено гравче-тавче. Дали се согласувате со изборот за Македонија и за земјите од регионот?

Интересна мапа споделена на Фејсбук страницата Terrible Maps го прикажува најпопуларното јадење по земји во Европа, а „претставникот“ на Македонија е сосема очекуван – гравче-тавче.

Ќебапите се најпопуларно јадење во Босна и Херцеговина, кои пак во мај најдоа место и на листата на најпознати јадења ширум светот. Исто така, Taste Atlas ги смести на 45-то место на листата на најдобри јадења во светот.

Кога станува збор за околните земји, мапата ја наведува плескавицата како најпопуларна во Србија, додека јадењето наведено за Хрватска е изненадување за многумина.

Месото (meso z tiblice) одлежано во специјален дрвен сад е претставено како најпопуларно во Хрватска, а претставува еден вид конзервирано свинско месо со потекло од Меѓумурје.
Во Словенија се издвојува пршутата, за Италија, пицата, паелја за Шпанија и донер за Турција, а овие резултати предизвикаа бројни коментари на страницата и многумина не се согласуваа со изборот. Многумина изјавија дека тоа се всушност најпопуларните јадења меѓу туристите.

Дали вие се согласувате со изборот за Македонија и за земјите од регионот?