9 намирници кои имаат повеќе протеини од јајцата

Фото: Freepik
303

Ако јадете секој ден јајца, нормално е дека ќе ви здосадат. Затоа ви носиме листа на намирници со кои повремено можете да ги замените без да ви недостасуваат протеините

Јајцата се здрави, тие се одличен извор на протеини (едно јајце содржи околу 6 г протеини), тие се евтини, но ако ги јадете секој ден, нормално е дека ќе ви здосадат. Затоа ви носиме листа на намирници со кои повремено можете да ги замените.

Грчки јогурт – содржи 10 г протеини на 100 г.

Доколку ви треба нешто за обновување на мускулите, изберете грчки јогурт, тој е вкусен, лесен за консумирање и полн со протеини.

Семки од тиква – содржат околу 10 г протеини на 1/4 чаша. Тие се познати по тоа што содржат многу магнезиум, а помалку се познати како богат извор на протеини. Добар начин да го збогатите ручекот со протеини е да ги додадете во салата.

Наут – содржи 19 г протеини на 100 г.

Наутот содржи железо, калциум, магнезиум, манган, цинк, витамин К, кои се важни за здравјето и цврстината на коските.

Тофу – во зависност од производителот, содржи од 9 до 20 г протеини на 100 г. Тофу ги содржи сите осум важни есенцијални амино киселини и е идеална храна за консумирање во секое време од денот. Содржи и магнезиум, бакар, цинк и витамин Б1.

Бадеми – содржат 21 г протеини на 100 г. Бадемите се високопротеинска храна и одличен избор за ужина бидејќи се богати со витамин Е, бакар и магнезиум.

Грашок – содржи 5 г протеини на 100 г.

Содржи железо, витамини Б1 и Б6, витамин Ц, витамин К.

Овес – содржи околу 7 г протеини на 100 г. Вистина е дека овесот главно содржи јаглехидрати, но ниту количината на протеини не е занемарлива, а покрај тоа, дел од овие јаглехидрати отпаѓаат на влакна, кои се неопходни за здраво варење. Овесот содржи и витамини, минерали и антиоксиданти.

Сејтан – содржи 75 г протеин на 100 г.

Тој е одличен извор на протеини, особено за веганите и вегетаријанците, а се добива од пченичен глутен, па затоа не е погоден за луѓе чувствителни на глутен.

Зрнести сирења – содржи околу 11 г протеини на 100 г. Содржи незаситена масна киселина позната како транспалмитолеинска киселина. Ако некое лице има повисоко ниво на оваа киселина во крвотокот, тој има три пати помали шанси да развие дијабетес тип 2, според студијата на Харвард.