Новогодишна чоколадна идила тешка 10 кила

444

По повод новогодишните празници поставени се повеќе од 100 чоколадни уметнички дела за кои се потрошени повеќе од 70 килограми чоколадо, на традиционалната новогодишна изложба во болницата Ремедика

Традиционално, во скопската приватна болница „Ремедика“ се организира новогодишен базар во чии рамки е изложбата на чоколадни уметнички дела направени од вредните раце на пастри-шеф Снежана Ангеловска.

На слаткиот базар се изложени украсни јадливи елки, чизми, лижавчиња, куќарки, лампиони, чоко-пакетчиња и многу други чоколадни експонати.

Шеф Снежана Ангеловска повеќе од 20 години е во светот на слаткарството, а нејзина специјалност е токму чоколадото.

Таа има освоено многу награди на различни натпревари, а кога пред 3-4 години го освоила сто и првиот златен медал, ја завршила својата натпреварувачка кариера. Има одржано повеќе самостојни изложби, а оваа година на традиционалниот новогодишен базар во Ремедика се изложени повеќе од 100 чоколадни експонати, за кои се употребени околу 70 килограми чоколадо. Најголемиот експонат наречен „новогодишна идила“ е тежок 10 килограми.