Ако сакате да правите нешто со кисела вода, но ја немате дома, не очајувајте. Брзо и лесно направете кисела вода од состојките што ги имате.
Почнавте да правите тесто за некои слатки или солени јадења и сфативте дека сте заборавиле да купите кисела вода. Сега не мора да одите во продавница ако ве мрзи, туку едноставно направете сами замена за минерална вода со помош на 4 состојки: сода бикарбона, вода, шеќер и оцет.
Сите знаеме дека сода бикарбоната има широка примена во домаќинството и дека со неа и лимонот можеме да исчистиме многу работи.
Еве кои и колку состојки ви требаат за да направите кисела вода дома:
1 шолја вода
1/2 лажичка шеќер
1/2 лажичка сода бикарбона
2,5 лажици оцет
Приготвување:
Додадете сода и шеќер во водата, а потоа измешајте. На крај ставете го оцетот и киселата вода е готова.