Природни лекови и препарати против псоријаза

Фото: Pixabay
951

Лек кој може целосно да ја излекува псоријазата сè уште не е откриен, но постоjат природни лекови за псоријаза и третмани за ублажување на непријатноста и симптомите на оваа болест. Рибино масло, масажа, кора од банана и уште некои кои помагаат при псоријаза

Псоријазата е хронична болест која настанува кога телото го стимулира производството на нови клетки на кожата. Лек кој може целосно да ја излекува псоријазата сè уште не е откриен, но за разлика од силните и агресивни лекови, постоjат природни лекови за псоријаза и третмани за ублажување на непријатноста и симптомите на оваа болест.

Кога е присутна псоријазата, по целото тело се појавуваат дебели, црвени или бели дамки и може да доведат до потешки оштетувања на кожата.

Псоријазата често не е убава глетка и создава непријатни ситуации. Еве ги најдобрите домашни лекови кои помагаат при псоријаза:

Природни лекови за псоријаза

Рибино масло

Збогатете ја вашата дневна исхрана со оброци од лосос и туна. Во основа, сите масни риби се препорачуваат за консумирање бидејќи се богати со омега-3 масни киселини кои се многу корисни во борбата против воспалението и иритацијата. Освен за псоријазата, ќе придонесете и за здравјето на срцето и имунолошкиот систем. Внимание: ако земате антикоагуланси, не консумирајте рибино масло, тоа може само да предизвика повеќе крварења.

Масажа

Масажата е добра за лекување на псоријаза, бидејќи оваа болест обично се јавува како резултат на стресни ситуации. Можете да побарате професионална масажа или да ја направите во удобноста на вашиот дом. За време на масажата не се препорачува маслиново масло, поради иритација.

Диета без глутен

Според многу студии, псоријазата лесно може да биде резултат на целијакија. Имајќи го тоа на ум, глутенот може да предизвика само големи иритации и воспаление на кожата. Глутенот во никој случај не е пожелен, па исклучувањето од исхраната е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело. Целосниот ефект на диетата без глутен не е докажан, но оние кои ја спроведуваат биле сведоци само на позитивни резултати.

Куркума

Кај некои пациенти, куркумата направила чуда за псоријазата. Лековитата куркума како зачин се комбинира со многу други состојки кои можат само да го подобрат нејзиниот квалитет. Поради своите антиинфламаторни својства може многу добро да помогне во борбата против псоријазата.

Кора од банана – Втријте ја внатрешноста на кората од банана на местата со флеки од псоријаза. Ова ќе ја смири вашата кожа и ќе го ублажи чешањето.

Вазелин – Кога станува збор за псоријаза, многу е важно да ја навлажните кожата бидејќи таа станува многу сува и дебела. Треба да ја хидрирате и да ја одржувате влажна. Вазелинот е совршен токму за тоа. Многу луѓе тврдат дека им помага да ги контролираат симптомите на псоријаза.

Јаболков оцет – Благодарение на ензимите и корисните бактерии, јаболковиот оцет е еден од најдобрите природни производи за ублажување на многу здравствени заболувања. Исплакувањето или натопувањето на кожата со јаболков оцет може да го ублажи чешањето, особено во пределот на скалпот. Ако имате многу чувствителна кожа, разредете го оцетот со вода во сооднос 1:1 и нанесете го на кожата. После тоа, секогаш исплакнете ја кожата со вода.