Здраво домашно лепче со хељда и лен

515

Ако сакате да јадете леб, тогаш барем нека биде здрав. Овој леб има малку калории, а многу здравствени придобивки, но не очекувајте меко лепче како белото

TYPO

Овој леб е направен во ôд, без некој посебен рецепт па затоа не се потпирајте строго на количините што се наведени и ставете по потреба малку повеќе брашно или малку помалку вода.

Состојки:

250 г хељдино брашно

50 г ленено брашно

300 г грахам

400 мл вода

2 лажички сув квасец

1 лажица мед

1 лажичка сол

1 јајце

2 лажици ладно цедено сончогледово масло

Приготвување:

Растопете го квасецот во малку вода и додадете го медот и 1 лажичка брашно. Почекајте да се активира квасецот па додадете ги јајцето и маслото. Во сад измешајте ги брашната и направете вдлабнатина па истурете ја смесата со квасецот. Замесете тесто и оставете го покриено да надојде или веднаш ставете го во подмачкан и набрашнет калап за леб и почекајте да нарасне. Премачкајте го со млеко и поросете со сусам.

Ставете го лебот во ладна рерна и печете го околу 45 минути на 200 степени.