Подгответе се за нов почеток: сок од морков наместо кафе
Сокот од морков е одлично природно средство за чистење на организмот, против полиартритис, остеохондроза, лошо варење, гастритис, хеликобактер пилори, проблеми со столицата и хемороиди. Го ублажува менталниот замор, заморот на срцевиот мускул, го регулира метаболизмот во организмот, а со тоа влијае и на регулација на телесната тежина.
Светлата портокалова боја на морковите доаѓа од каротинот, кој го има во изобилство во морковот, како во ниедна друга храна. Каротинот произведува витамин А, кој ни обезбедува подобра пигментација и здрава кожа, коса и нокти. Потоа влијае на правилниот раст, работата на црниот дроб, желудникот, цревата, го зајакнува срцето, го подобрува видот, го подига имунитетот и многу повеќе.
Сокот од морков е одлично природно средство за чистење на организмот од штетни материи (особено се препорачува во пролет), против полиартритис, остеохондроза, варење, гастритис, хеликобактер пилори, проблеми со столицата и хемороиди. Го ублажува менталниот замор предизвикан од прекумерната интелектуална работа и стресот. Го ублажува заморот на срцевиот мускул, го регулира метаболизмот во организмот, а со тоа влијае и на регулација на телесната тежина.
За терапевтски цели, како лек треба да се пие сок од морков наутро пред појадок и околу 150 мл, секогаш свежо цеден сок. Бидејќи сокот од морков многу ефикасно ги убива бактериите, препорачливо е да го држите во устата некое време пред да го голтнете. Дополнително, една чаша од овој напиток е доволна за отстранување на киселината. Затоа, сосема е сигурно дека би биле многу поздрави доколку го започнеме денот со овој корисен црвен напиток, наместо со вообичаеното црно кафе.