Зрно грашок нема да почувствувате, ама полна чинија ќе ви донесе многу здравје

Фото: Unsplash
257

Грашокот е одлично природно средство за забрзување на метаболизмот, зголемување на енергијата на телото и стабилизирање на нервниот систем.

Грашокот е мешункасто растение и има многу лековити состојки. Затоа, секогаш е добредојдено во исхраната и може да се подготви на различни начини: како предјадење, во салати, супи или како главно јадење, со секакво месо, но и со ориз, компири и слично.

Содржи многу калории, јаглени хидрати, протеини, влакна. Богат е со калиум, железо, витамини (А, Ц, Б1, Б9). Свежиот млад грашок е богат со корисни состојки, додека сувиот има најмногу калории.

Редовното консумирање на оваа храна обезбедува постојан прилив на енергија, правилна работа на цревата и во исто време го забавува растот на гликозата и холестеролот во крвта. Витаминот Б1 има корисен ефект врз нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Грашокот е многу корисен за метаболизмот кај луѓето кои подолго време биле под дејство на антибиотици.

Aко се прашувате дали ова важи и за замрзнатиот грашок, имајте предвид дека е тој долгорочно подобра опција од свежиот. Причината? Набргу по неговото собирање, шеќерите во грашокот се претвораат во скроб, а во рок од 24 часа – мешунките ќе овенат. Од друга страна, замрзнувањето ја запира трансформацијата на шеќерот и тој останува здрав и хранлив многу долго време.