Кељот е одличен извор на витамин Ц, многу добар извор на диетални влакна, витамини А, К и Б6, магнезиум, калиум и манган и добар извор на тиамин, калциум, фосфор и бакар. 70 грама кељ содржи 19 калории, 4 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини.
Кељот спаѓа меѓу најздравите намирници на светот. Спаѓа во групата зелјести растенија и е една од најсилните антиканцерогени билки за која се верува дека го намалува ризикот од рак на дојка, бешика, дебело црево, јајници и простата. Исто така, кељот ја поттикнува природната детоксикација на организмот и е многу богат со антиоксиданти. Наспроти сите бенефити, кељот сигурно не го користиме толку колку што би требало.
Постојат многу различни видови на кељ. Листовите можат да бидат зелени или виолетови, мазни или извиткани. Кој кељ и да го одберете, нема да погрешите. Сите видови кељ се вистинска ризница на хранливи материи и извор на здравје. Во продолжение ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки од кељот, а ви пренесуваме и необичен рецепт за поздрава верзија на чипс!
Поради екстремно малиот број на калории и богатството со хранливи материи, кељот е една од најздравите намирници која е погодна и за секаков вид на исхрана. Кељот е одличен извор на витамин Ц, многу добар извор на диетални влакна, витамини А, К и Б6, магнезиум, калиум и манган и добар извор на тиамин, калциум, фосфор и бакар. 70 грама кељ содржи 19 калории, 4 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини.
Конзумирањето кељ е одличен начин да се зголеми содржината на хранливи материи.
Го намалува холестеролот и штити од срцеви заболувања
Кељот може да помогне во намалувањето на холестеролот, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Една студија покажа дека пиењето сок од кељ секојдневно во текот на 12 недели го зголемува HDL (добриот холестерол) за 27% и го намалува нивото на LDL (лошиот холестерол) за 10%, а исто така го подобрува антиоксидативниот статус.
Екстремно нискокалорична намирница
Бидејќи 100 грама кељ содржи само 33 калории и изобилство на витамини и минерали, кељот со право може да се класифицира како супер-храна и како таква станува идеална храна за луѓето кои сакаат да ослабат.
Заштитува од рак
Кељот содржи растителни соединенија кои го спречуваат оксидативниот стрес, ја стимулираат ензимската детоксикација, го стимулираат имунитетот, го намалуваат ризикот од рак, ги намалуваат малигните трансформации и канцерогените мутации и самото ширење на ракот. Едно од овие соединенија е сулфорафан, супстанца за која е докажано дека помага во борбата против ракот на молекуларно ниво.
Го чува здравјето на коските
Калциумот е важна хранлива материја, особено за нашите коски. Кељот, особено во сурова форма, се препорачува за луѓе кои страдаат од недостаток на калциум во телото и имаат зголемен ризик од скршеници.
Детоксикација на телото
Новите истражувања покажуваат дека кељот може целосно да го детоксицира телото и да ја регулира општата состојба на телото бидејќи допира дури и до ДНК. Покрај тоа, содржи важни омега-3 масни киселини и флавоноиди, па затоа има антиинфламаторно дејство.
Чипс од кељ
Потребни состојки:
1/2 главица кељ
сол
прстофат чили
2 лажички маслиново масло
2 лажички свежо исцеден сок од лимон
2 лажички мелени бадеми
Приготвување:
Листовите кељ се одвојуваат и убаво се мијат, се редат на кујнска хартиена крпа и се оставаат целосно да се исцедат.
Измешајте две лажички сок од лимон со две лажички маслиново масло, измешајте прстофат чили и мелени бадеми. Со оваа смеса прелијте ги искинатите листови кељ.
Листовите распоредете ги на мрсна хартија и ставете ги во рерна на 175 степени и исушете ги десетина минути додека рабовите на зелката малку да поруменат. На крај поросете со малку сол, изладете и послужете.
За среќа, додавањето кељ во вашата исхрана е релативно едноставно. Можете да го додадете во вашите салати или да го користите во други рецепти. Многу луѓе исто така додаваат кељ во нивните смути за да ја зголемат нивната хранлива вредност.