Ако сакате мандарини, јадете, ама не повеќе од 7 на ден

Фото: Unsplash
323

Мандарините се богати со витамини, минерали и други состојки кои се здрави за организмот, но сепак мора да бидеме внимателни и да се држиме до препорачаната дневна доза.

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознатливи по пријатниот мирис и вкус. Ова вкусно и сочно овошје му помага на телото да го контролира нивото на лошиот холестерол и да го заштити срцето. Покрај тоа, мандарината содржи пектин, соединение кое го спречува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад.

Мандарините се богати со витамин Ц, калциум, магнезиум, калиум, цинк, витамини од групата Б и минерали кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот преку подобрување на неговите функции и придонесување за подобра меморија и концентрација.

Сепак, со нив мора да бидеме внимателни и да се држиме до препорачаната дневна доза.

Препорачаната дневна доза од ова овошје е до седум мандарини. Консумирањето повеќе од седум мандарини може да доведе до покачено ниво на шеќер во крвта, а премногу фруктоза може да доведе до вишок килограми.

Затоа уживајте во мандарините, но умерено.