Направете совршени пуканки со овие неколку трикови.
Пуканките од тава или тенџере се поздрава опција од купените пуканки или пуканките што се прават во микробранова печка и содржат нездрави масти и адитиви. За среќа, можете и дома да направите вкусни пуканки, без изгорени или неиспукани зрна. Доволно е да се избегнат овие грешки.
1. Купивте лоша пченка
Поради лошиот квалитет или складирање, лошите пуканки можат да бидат главниот виновник за невкусните грицки. Затоа, добро е да експериментирате со различни брендови додека не најдете кој е најдобар. Доколку се одлучите за големи пакувања, треба претходно да ги пробате.
2. Имате погрешен сад
Тава или тенџере со дебело дно што рамномерно ја спроведува топлината е најдобриот избор и важно е лесно да ракувате со него. Ако контејнерот е премногу тежок или незгоден, ќе биде тешко да го протресете. Одличен избор е тава или тенџере со капак кој има дупчиња од кои излегува пареата.
3. Ставивте премалку масло
Тажна вистина е, но без масло нема фини и меки пуканки. Иако се поздрави без него, никогаш нема да бидат толку вкусни. Доколку сакате да бидат поздрави, можете да ги пукате на маслиново масло, но внимавајте да не ја зголемувате премногу температурата бидејќи има пониска точка на чадење од, да речеме, сончогледовото. Пуканките можете да ги пукате и на кокосово масло. Додадете 3 лажици масло во сад со средна големина.
4. Ја додадовте пченката премногу рано
Маслото мора да биде врело за да не изгорат пуканките, но не смее да чади. За да знаете дека е доволно жешко, ставете само 3 зрнца, колку да испробате дали ќе испукаат, па додадете го остатокот.
5. Не го протресувате доволно садот
За да не изгорат пуканките, тавата или тенџерето треба силно да се протресуваат на секои неколку секунди. Ова спречува зрната да се залепат на дното, но исто така овозможува секое зрно да се загрее подеднакво.
6. Не дозволувате да излезе пареата
Ако има премногу пареа во садот, пуканките сигурно ќе бидат жилави. Затоа, препорачлив е капак со душчиња или пак внимателно да се подигне капакот од едната страна. Буквално неколку секунди ќе бидат доволни за да излезе пареата, а потоа брзо спуштете го назад.
7. Премногу слаб оган
Огнот за пуканките треба да биде силен, но за да не гори пченката, освен што ќе го протресете тенџерето, повремено можете да го тргнете садот од ринглата и да го протресете во воздух.