Кокта, пијалакот на вашата и нашата младост полни 70 години

433

На почетокот на 80-тите години на минатиот век, Кокта достигнала продажба од 37 милиони литри на домашниот пазар. Распадот на СФРЈ донесе пад, но овој популарен пијалак се покажа како „пожилав“ од земјата од која потекнува. Многу брзо сите земји кои произлегоа од СФРЈ станаа увозници на словенечкиот производ на Колинска и Кокта најде фанови и во новите генерации.

На денешен ден, 8 март 1952. година е родена „Кокта – пијалак на нашата и вашата младост“.
По име и вкус само потсетува на Кока-Кола, а всушност е плод на креативноста на Емир Зеленик кој измешал шипка, витамин Ц, пар лековити растенија и карамелизиран шеќер.

Името „кокта“ е всушност изведено од зборот коктел. Веќе во првата година од производството биле спакувани милион литри освежителен пијалак што ја преплави социјалистичка Југославија. Економските параметри беа неверојатни, па остана фактот дека производството на Кокта растеше за 25% годишно. Популарноста во Југославија, но и „егзотичното“ потекло доведоа до тоа Кокта да има и европска премиера, по што извозот во Холандија траел две години.

На почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, Кокта достигнала продажба од 37 милиони литри на домашниот пазар. Распадот на СФРЈ донесе пад, но овој популарен пијалак се покажа како „пожилав“ од земјата од која потекнува. Многу брзо сите земји кои произлегоа од распадот на Југославија станаа увозници на словенечкиот производ на Колинска, така што Кокта најде фанови и во новите генерации.
Британскиот Фајненшл Тајмс ја рангираше Кокта на 4-то место меѓу 13 различни верзии на кола-пијалаци што ги тестирал.
Кај малку постарите, вкусот во кој доминира шипката буди носталгични спомени, помладите ја пијат неоптоварени со емоции од минатото. Кокта денес е присутна во неколку варијанти од различни вкусови, а често се меша со силни алкохолни пијалаци. Како и да е, многу години подоцна, голтка Кокта и сега ја враќа насмевката на лицето.
Среќен 70-ти роденден!