Пиво и кикиритки за здравје?

Фото: Pexels
238

Литар пиво и пакување кикиритки се најдобриот лек за исцрпеност по трчање маратон, велат експертите.

Научниците забележуваат дека оваа класична комбинација, која се нуди во повеќето пабови во светот, го рехидрира организмот подобро од спортските пијалаци.

Во текот на долго трчање, во какви што се вбројува и маратонот, човечкото тело може да изгуби до три литри течност на час.

За време на трката се губат и калиум и натриум, но сето тоа може брзо да се надомести со грст кикиритки и две пива.

„Внесот на вода не може да ја компензира загубата на минерали. Покорисно е – пивото“, заклучува професорот Роналд Моган, експерт за спортска медицина на Универзитетот Сент Ендрјус (Шкотска).