Големиот успех на престижни меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност. Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и за промоција на земјата како винска дестинација.
Продолжува големиот успех на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“. На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, врвните вина го докажаа својот квалитет, освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда.
На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards – Best Value 2022“, „Vranec Luda Mara 2019“ освои двоен златен медал, што е потврда за високиот квалитет и уникатните карактеристики по кои ова вино се издвојува во конкуренција на вина од целиот свет. Златен медал добија вината „T’ga za Jug 2021“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, а на виното „Vase de Pierre 2017“ му беше доделен сребрен медал.
Оценките на вината на овој вински натпревар ги даваат 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари. Нивните оценки воедно се и препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.
Силна потврда за високите квалитети на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, пристигнаа и од Франција, каде освоија седум златни медали и една специјализирана награда. Специјализираната награда беше доделена од списанието „Sommeliers International“ за црвеното вино „Bela Voda red 2019“ и претставува значајна препорака доделена од меѓународно списание наменето за винските професионалци од целиот свет. Покрај тоа, ова вино доби и златен медал, заедно со „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Bela Voda white 2021“. На овој реномиран натпревар, сребрен медал освоија вината „Alexandria Cuvée Rose 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, како и „Terrase a l’Ombre 2019“.
Големиот успех на овие меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на овие вина на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност. Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и придонесуваат за промоција на земјата како винска дестинација.
Ова не се први награди годинава. Вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на еден од најголемите натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освоија четири златни медали и едно специјално признание.