Зошто е добро да се земе една лажица мед пред спиење?

Фото: Unsplash
456

Клучното правило на хибернациската диета е да земате една до две лажици мед пред спиење, сеедно дали ќе го ставите медот во топол пијалок, во смути или ќе го земете директно од теглата.

Слабеењето и проблемите со спиењето се теми кои ги интересираат (и измачуваат) многумина, а решението би можело да го понуди хибернациската диета, во која процесот на слабеење, како што сугерира името, започнува во текот на ноќта, а исто така ви помага да спиете подобро.

Клучното правило на хибернациската диета е да земате една до две лажици мед пред спиење, сеедно дали ќе го ставите медот во топол пијалок, во смути или ќе го земете директно од теглата.

Диетата ја смислил британскиот фармацевт и нутриционист Мајк Мекинс, кој вели дека истовремено делува на подобар сон и слабеење, едноставно користејќи ја биологијата на нашето тело и соработувајќи со неа наместо да се работи против неа.

Хибернациската диета делува така што го „регрутира“ природниот механизам на организмот кој ја контролира телесната тежина. Не мора да се борите со вашето тело на секој чекор за да постигнете здрава тежина, истакнува Мајк Мекинс.

Клучот е да се обноват регенеративните механизми на телото во текот на ноќта, забрзувајќи ги метаболичките процеси и согорувањето на мастите, ублажувајќи ги ефектите на хормоните на стресот и помагајќи ни да спиеме подобро во текот на ноќта. И тука настапува медот. Пред сè, добро е да знаете дали сте кандидат за хибернациска диета.

Поставете си ги следните прашања:

Дали се будите редовно во текот на ноќта?

Дали се потите навечер?

Дали страдате од рефлукс во текот на ноќта?

Дали се будите среде ноќ затоа што треба да одите во тоалет?

Дали чувствувате мачнина рано наутро?

Дали се будите исцрпени?

Дали ви се суши грлото наутро?

Дали имате грчеви во текот на ноќта?

Дали чувствувате слабост рано наутро?

Ако вашиот одговор е „да“ на некое од овие прашања, тоа може да значи дека не сте го „снабдиле“ црниот дроб со „гориво“ што му е потребно за правилно функционирање навечер. Наместо да согорува масти и да ги обновува мускулите, вашето тело произведува голем бран на хормони на стрес додека спиете.

Медот одамна е ценет поради неговите терапевтски својства. Авторот на хибернациската диета тврди дека фруктозата и гликозата во медот му обезбедуваат на телото гориво кое му е потребно во текот на ноќта, кое го контролира балансот на нивото на шеќер во крвта и го поттикнува согорувањето на мастите.

Но, хибернациската диета не се базира само на мед. За најдобри резултати, важно е да се следи здравата исхрана, што подразбира избегнување на преработена храна како бел леб, пица, хамбургери, чипс, пиво и шеќер и консумирање храна која содржи хранливи материи важни за нашето тело, без непотребни адитиви.

Хибернациската диета препорачува два или три тренинзи со отпор неделно. За тоа не треба да одите во теретана – можете дома да користите лесни тегови или кеси полни со шеќер или ориз за да го одработите вашиот тренинг. И во јогата и во пилатесот постојат вежби на отпор кои можете да ги испробате.