Дали некогаш сте пробале маргаритка? Покрај најпознатите диви растенија како глуварче, коприва и див лук, пролетната чинија можете да ја збогатите и со некои други здрави растенија
Меѓу дивите билки од кои традиционално напролет се подготвуваат закрепнувачки јадења полни со витамини и минерали, најпознати се глуварчето, копривата и дивиот лук. Но, освен нив, постојат голем број на диви билки кои иако се широко распространети, повеќето луѓе не ги доживуваат како здрава храна, почнувајќи од маргаритките.
Многу здрави се и шпарогите и тие може да се најдат самоникнати во природа, најчесто во приморски места, додека кај нас не се многу распространети и најчесто се многу скапи.
Маргаритките (Bellis perennis) се одлични за пролетно чистење и зајакнување на организмот благодарение на изобилството на витамин Ц и каротин, флавоноиди и други фитонутриенти. Младите листови од маргаритка добро се вклопуваат со салати и може да се мешаат со урда. Со листовите може да се збогатат смутињата, супите, чорбите и други јадења од зеленчук. Цветните пупки (додека се уште тврди и зелени) се погодни за маринирање во оцет, а отворените цветови се јадат сирови (обично се додаваат како декорација на јадењата).
Пролетта е и вистинско време за уживање во киселица и див лук, растенија чија хранлива вредност е речиси заборавена. Во денешно време тие првенствено се сметаат за досадни плевели бидејќи брзо ги заземаат градините и тревниците доколку не се искоренат. Но, споменатите растенија се и првокласен див зеленчук.
Кога станува збор за киселец, во исхраната се користат листовите кои се темно зелено пребоени и сочни и се наоѓаат поблиску до земјата. Најдобро е да се берат кога стеблото не е целосно развиено т.е не се расцутени неговите цветови. Тоа се вика “млад киселец”. Лисјата од киселецот се со кисел (поради што ова растение го добило и името) и освежувачки вкус. Поради ова тој е омилен дел од исхраната на луѓето. За киселецот се вели дека е едно од најпопуларните диви зеленчуци. Листовите на киселецот содржат витамин Ц и каротен. Во нив има и оксална киселина и затоа не се препорачува честото земање киселец на лицата кои се склони кон создавање камења во бубрезите.
Див лук, сремуш или мечкин лук како што се нарекува, има силен и карактеристичен мирис на лук кој се чуствува и пред да ја здогледаме билката.
Во него е скриена голема лековита моќ па затоа за него се вели дека го бараат мечките веднаш по будењето од зимскиот сон за да ги прочистат желудникот, цревата и крвта.
Дивиот лук ги има својствата на лукот што секојдневно го користиме, но е уште полековит од него. Поради тоа е најдобар за пролетно чистење на организмот.