9 намирници со најмалку калории

Фото: Unsplash
414

Краставиците се најевтини, а се на врвот од листата со најмалку калории, па кога ќе почувствувате глад, слободно нафрлете им се. Секако, има и други кои можете да ги јадете без гајле дека ќе се здебелите

Бидејќи нè дели само еден месец од официјалниот почеток на летото, крајно време е да ја доведеме линијата во форма.

Исхраната сочинува 70% од добрата линија, така што залудно не се кажува дека добриот изглед се гради во кујната.

Повеќето луѓе имаат за цел да ослабнат пред летото, а за да ослабнете мора да внимавате да бидете во калориски дефицит.

Калорискиот дефицит е најлесно да се одржи со намирници кои се големи со волумен, а кои имаат малку калории која е нискокалорична за да не бидете гладни, а од друга страна да изгубите тежина.

Еве кои 9 намирници содржат најмалку калории

  1. Краставица – 12 калории на 100 грама
  2. Марула – 14 калории на 100 грама
  3. Тиквички – 17 калории на 100 грама
  4. Домат – 18 калории на 100 грама
  5. Печурки – 24 калории на 100 грама
  6. Спанаќ – 25 калории на 100 грама
  7. Пиперка – 26 калории на 100 грама
  8. Лубеница – 28 калории на 100 грама
  9. Јагода – 32 калории на 100 грама