Дали знаете зошто имаме артритис и остеопороза? Не јадеме јастози!!!

304

Јастозите се одличен извор на омега-3 за масни киселини, витамин Б12, цинк, селен и фосфор. Некои од другите здравствени придобивки од јастогот се и превенција од остеопороза, ревматоиден артритис, кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.

Дали сте голем љубител на морска храна? Ако е така, тогаш дефинитивно ви се допаѓаат јастозите, ама веројатно не ги јадете баш често. Нема да се чудиме сега зошто. Не сме баш пораснати на јастози, ниту пак на место каде што можат да се најдат вакви свежи убави јастози. Пиперки има, ама јастози баш и не. И после зошто сме имале остеопороза и артритис! Така е кога не јадеме јастози. Имено, освен што се вкусни, јастозите се и лековити, полни со витамини и минерали. Познавачите велат, може да биде нездрав само начинот на кој ќе ги подготвите.

Ако се одлучите за здрави начини на консумирање јастог, тогаш тој ќе биде здрав и хранлив.

Па така, ако баш имате можност, не е лошо да знаете дека јастозите се одличен извор на омега-3 масни киселини, витамин Б12, цинк, селен и фосфор. Некои од другите здравствени придобивки од јастогот вклучуваат превенција од болести како остеопороза, ревматоиден артритис, кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.

Еве неколку од здравите начини како можете да ги консумирате.

Супа од јастог
Сварете го јастогот но така што месото да остане малку неварено. Извадете го месото, откако ќе се излади, а потоа скршете ја лушпата. Солената супа може да се готви и со лушпата во вода. Процедете ја водата и отстранете ја лушпата, додадете ги билките и зачините по вкус. Месото додадете го во последните неколку минути од готвењето.

Салата од јастог
Во сад ставете парчиња јастог и манго. Додадете мед, босилек и сок од лимон со павлака за поубав вкус. Тоа е многу едноставен, но исклучително прекрасен и здрав начин за консумирање јастог.

Јастог на скара
Исечете ја опашката од јастог на половина и оставете го месото во лушпата. Додадете маслиново масло, сол, пиперка и црн пипер. Печете ја секоја страна на скара најмалку 4 минути за да добиете единствен вкус. Тоа е еден од најздравите начини да се јаде јастог.

Печен јастог
Испечете го месото од јастог заедно со зеленчукот во рерна. Тоа ќе биде вкусен, софистициран и здрав начин на консумирање јастог.

Јастог и ориз
Јастогот одлично оди со ориз. Дополнително, со додавање на кари, вкусот ќе се комплетира.