Дињата помага во борбата со ракот и го штити здравјето на очите

Фото: Unsplash
282

Некои нови истражувања тврдат дека бета-каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но и кај болестите на грлото на матката, желудникот и устата. Растителните влакна благотворно делуваат на чистење на организмот од штетните радикали и одлично помагаат при надуеност. Таа го штити и здравјето на очите, ги регулира притисокот и варењето

Дињата е летна намирница во чиј прекрасен мирис и совршен вкус сите уживаме. Можеби не сте знаеле дека таа е добра и за нашето здравје! Дињата не дебелее, освежителна е и полна со витамини и други важни состојки неопходни за организмот. Содржи околу 88% вода и само 11% шеќер, што ја прави фантастично нискокалорично летно освежување. Витаминот А од дињата е неопходен за добар вид и тен, а содржи и витамин Ц. Овие два антиоксиданти го штитат организмот од кардиоваскуларни заболувања при стареење.

Некои нови истражувања тврдат дека бета-каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но и кај болестите на грлото на матката, желудникот и устата. Растителните влакна благотворно делуваат на чистење на организмот од штетните радикали и одлично помагаат при надуеност. Таа е најдобриот избор за оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми бидејќи хранливите состојки во неа го регулираат варењето и детоксицираат. Влакната од дињата ќе ве држат сити долго време.

Диња како лек
Го штити здравјето на очите – Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите: бета каротин (од кој се ослободува витаминот А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Со оглед на тоа што бројни студии покажаа дека сериозен недостаток на витамините А и Ц може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, па дури и до слепило, дињите се одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.

Го регулира крвниот притисок – Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го подобруваат здравјето на срцето. Јадењето храна богата со калиум помага во регулирање на нивото на натриум, што е важно за лекување на висок крвен притисок. Калиумот му помага на телото да го ослободи вишокот натриум и на тој начин го намалува високиот крвен притисок. Калиумот е неопходен и за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, исто така игра важна улога во преносот на електричните импулси до срцето. Внесувањето на калиум е исто така поврзано со намален ризик од мозочен удар и губење на мускулната маса. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува создавањето на камења во бубрезите.

Диња за варењето
Го регулира варењето – Дињата е лесно сварлива храна и се препорачува да се јаде на празен стомак пред друг оброк. Добар избор е и за оние со чувствителен стомак бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на телото за варење на храната. Поради изобилството на влакна и вода, спречува запек и помага во регулирањето на варењето, здравјето на дигестивниот тракт и исфрлањето на токсините од цревата.

Антивоспалително дејство – Редовното консумирање диња помага во намалување на стресот и на тој начин ги намалува воспалителните процеси кои можат да доведат до развој на артритис. Воспалението во телото е поврзано и со појава на метаболички синдром, кој означува група на метаболички нарушувања. Овие нарушувања се манифестираат како отпорност на инсулин, акумулација на масно ткиво во пределот на стомакот, висок холестерол и покачен крвен притисок. Истражувањата покажаа дека жените кои консумирале 350 грама овошје дневно имале значително помал ризик од развивање на овој синдром. Студијата опфатила диња, јаболка, грозје, лубеница и банани.

За дијабетес – Дињата може да помогне во правилното справување со дијабетесот бидејќи има низок гликемичен индекс: 4 (четири). Ниското гликемиско оптоварување значи и спречување на скокови на шеќерот во крвта, па затоа се препорачува како редовен дел од исхраната на луѓето со дијабетес.

Семките од диња како лек
Семките од диња се особено препорачливи за бубрежни заболувања, особено за бубрежни камења. Според Ајурведата, семките од диња имаат ефект на ладење и се идеални за консумирање во текот на летото. Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во ласи (пијалак од јогурт) и тандаи (ладно млеко со зачини), а цели семиња во слатките и во алва.

Овошјето, семките и маслото од семки се древна медицинска алатка за лекување на разни заболувања. Лечат кашлица, треска, паразити, стомачни, дигестивни, бубрежни и уринарни нарушувања. За искашлување се користи чај од цвет од диња.