Најдовме рецепт како на најлесен начин да направите сами веганско сирење. Се разбира, без млеко, од евтини и здрави состојки
Кога постите или избирате вегански начин на исхрана и избегнувате храна од животинско потекло, не мора да се откажувате од вкусот на сирењето. Сигурно сте пробале разни сирења купени од продавница, но ние најдовме рецепт за да си го направите сами, во домашни услови и со достапни состојки. Ова е една здрава и евтина варијанта која е истовремено и вкусна, за разлика од повеќето. Главната состојка се овесните снегулки! Направете домашна верзија на посно сирење и употребете го како мезе или со макарони, како додаток на пица, во салати, дури и како намаз.
Состојки:
1 шолја овес
3 шолји вода
3 лажици пченкарен скроб
2 лажички сол
1 лажичка сок од лимон
4 лажици маслиново масло
2 лажици нутритивен квасец (ако немате, можете да користите лук во прав)
2 лажички чадена пиперка
Приготвување:
Овесните снегулки потопете ги во вода (2 шолји) и оставете ги така половина час. Потоа ставете ги во блендер и додадете уште 1 шолја вода. Добро измешајте, па процедете. Потоа вратете ја исцедената смеса назад во блендерот, па додадете скроб, сок од лимон, сол, нутритивен квасец, маслиново масло и чадена пиперка. Добро измешајте. Истурете ја смесата во тенџере и варете со постојано мешање додека не се згусне. Истурете во сад подмачкан со масло и оставете да се излади еден час, па послужете.