Зошто кафето од француска преса е толку добро?

Фото: Unsplash
447

Повеќето методи за подготовка на кафе се потпираат на пропуштање топла вода низ мелените зрна кафе. Начинот на варење кафе со француска преса, пак, е сличен на подготовката на шолја чај бидејќи мелените зрна се натопуваат во врела вода.

Вистинските љубители на кафе знаат дека доброто кафе вреди злато. Некои го пијат црно, додека други не можат да ја замислат својата прва утринска шолја без малку млеко или крем. Многумина веруваат дека најслаткото и најфиното кафе се прави во француска преса, која во последно време станува сè попопуларна и кај нас.

Француската преса е уред за подготовка на кафе или чај кој се состои од стаклен бокал, преса и капак. Самата процедура е многу едноставна. Во бокалот се истура зовриена вода заедно со крупно мелено кафе. По неколку минути, треба да ја притиснете пресата надолу за да добиете вкусно кафе без талог.

Овошните киселини, кофеинот, липидите, растителните влакна, јаглехидратите и меланоидите се растворливи соединенија во кафето кои се топат со различна брзина во зависност од избраниот начин на подготовка на кафето. Овошните киселини и кофеинот се раствораат побрзо од другите соединенија во кафето, што е добро бидејќи тие се најпосакуваните елементи. Јаглехидратите и растителните влакна, кои последни се раствораат, имаат горчлив вкус и преголемата концентрација може да го расипе вкусот на финалниот производ.

Начинот на варење кафе навистина може да влијае на вкусот на вашиот омилен пијалак. Повеќето методи за подготовка на кафе се потпираат на пропуштање топла вода низ мелените зрна кафе. Начинот на варење кафе со француска преса, пак, е сличен на подготовката на шолја чај бидејќи мелените зрна се натопуваат во врелата вода.

Тоа бавно натопување е понежен процес кој спречува прекумерна екстракција и произведува послатка шолја кафе со пополн вкус. Од друга страна, методите со капење и преливање при подготовка на кафето го изложуваат талогот од кафе на постојан проток на топла вода, брзо ги отстрануваат вкусните соединенија и имаат тенденција на прекумерна екстракција на вкусот.