Како изгледа кога се меси, ама и се пее? Сукалото од Рамне „заигра“ и во Торино (ВИДЕО)

566

Наташа Неданоска која сите веќе ја знаеме по нејзините часови за сукање кои ги одржува во рамките на семејниот имот во охридското село Рамне, односно, во домаќинството „Пирустија Неданоски, одржа час по сукање, а богами и час по пеење, во Торино.

Наташа Неданоска и нејзиниот син Христијан, како претставници на домаќинска куќа „Пирустија Неданоски” одржаа работилница за подготовка на охридски комаТ- „Учиме да сучиме” и им ја презентираа оваа вештина на посетителите на македонскиот штанд на саемот за храна во Торино. Наташа која сите веќе ја знаеме по нејзините часови за сукање кои ги одржува во рамките на семејниот имот во охридското село Рамне, покажа дека освен што е вешта за сукање, има и скриен талент, за пеење. Додека месеше, таа испеа и неколку песни од охридскиот крај.

Шармантна каква што е, со својата широка насмевка, опуштена и сигурна во себе и во своите кулинарски вештини, Наташа со леснотија пренесе дел од традицијата, мирис, вкус, а богами и песна, дури на 1800 километри од дома. Сигурни сме дека посетителите кои дојдоа на македонскиот штанд за време на работилницата „Учиме да сучиме“, уште долго ќе прераскажуваат за овој настан и за настапот на Наташа која покажа дека може и да се меси и да се пее и да се маѓепсува со мирисот на тазе печен комат.

Истиот ден на македонскиот штанд покрај мирисот на тазе печен комат, се ширеше и мирисот на планински чај од Галичица, а се дегустираше и слатко од охридски цреши, бели и црни, како и највкусното макало од лук од мајсторот „Папас“, кое ги збудале сите што го пробаа. Реагираа на потполно ист начин: широко ококорени очи и гласно: „мммммммммммммммм… има ли да се купи?“

Видеото го направи тимот на Слоу фуд Прилеп