Kога се пече тиква, треба да се искористи максимално и во сите можни варијанти. Затоа, меѓудругото, можете да направите и драстична измена во вашата рутина за пиење кафе после ручек. Почестете се со кафе кое е подобро од десерт
Есента има свои предности, а една од нив е тиквата чии љубители можат да ја консумираат во милион варијанти, па дури и со кафе и млеко. Кога ќе ја направите оваа комбинација ќе сфатите дека можеби нема да имате потреба од никаков друг десерт.
Можете сами да си подготвите пире од тиква и да го замрзнете во помали количини, на пример во садови за мраз.
Прилагодете го односот на зачините, видот на кафе и млекото, по ваш вкус.
Не ви препорачуваме да додавате шеќер, особено ако е тиквата доволно блага.
Состојки за едно кафе:
1 шолјичка млеко
2 лажици пире од тиква
малку екстракт од ванила
1/4 шолјичка кафе
прстофат цимет, прстофат ѓумбир, прстофат морско оревче, прстофат каранфилче.
Приготвување:
Направете го вашето омилено кафе. Промешајте го пирето од тиква, млекото и зачините и загрејте ги во лонче додека не стане врело. Измешајте го млекото во кафето и мешајте додека не стане пенесто.
Доколку сте вешти во подготовката на млечна пена, одозгора ставете малку пена и поросете со зачини.