Дали можете да му одолеете на мирисот на печените костени?

Фото: Unsplash
144

Костените се богат извор на мононезаситени масни киселини кои помагаат да се намали вкупниот, како и LDL (лошиот) холестерол и да се зголеми нивото на HDL (добриот) холестерол во крвта.

За разлика од повеќето други јаткасти плодови, костените имаат малку протеини или масти и главно содржат сложени јаглехидрати.

Без оглед на тоа костените се богат извор на минерали, витамини и фитонутриенти кои имаат големи здравствени придобивки.

Друга единствена карактеристика на костенот е тоа што тие првенствено се направени од скроб (јаглехидрати), за разлика од другите видови семиња и јаткасти плодови, кои се доста калорични. Затоа, нутритивниот состав на костенот е споредлив со другите видови храна богата со скроб, како што се слаткиот компир и пченката. Сепак, костените се и натаму добар извор на минерали, витамини и квалитетни протеини.

Го намалуваат холестеролот

Како и другите јаткасти плодови, костените се богат извор на мононезаситени масни киселини како што се олеинска киселина (18:1) и палмитолеинска киселина (16:1). Истражувањата покажуваат дека мононезаситените масти (MUF) во исхраната помагаат да се намали вкупниот, како и LDL (лошиот) холестерол и да се зголеми нивото на HDL (добриот) холестерол во крвта.

Сложените јаглехидрати со кои се богати костените, даваат енергија

Додека бадемите и кикириките содржат протеини, костените главно содржат сложени јаглехидрати, кои телото полека ги вари со стекнување стабилен извор на енергија. Храната богата со растителни влакна и сложени јаглени хидрати, исто така, имаат добар ефект врз шеќерот во крвта, намалувајќи ги потенцијалните скокови, наведува Harvard TH Chan School of Public Health Nutrition Source.

Костените се, на изненадување за многумина, исто така богати со витамин Ц. Иако е попознат по зајакнување на имунитетниот систем, витаминот Ц ја поддржува регенерацијата на крвните садови, ‘рскавицата, мускулите и колагенот низ целото тело. Антиоксидансот, исто така, ги штити вашите клетки од штетните ефекти на слободните радикали и помага при апсорпција и складирање на железо.

Костените имаат многу здравствени придобивки

Го стимулираат имунолошкиот систем
Ја зголемуваат густината на коските
Го регулираат варењето на храната
Ја подобруваат функцијата на мозокот
Го контролираат крвниот притисок
Го подобруваат здравјето на срцето

Бакарот помага во создавање црвени крвни клетки

Како и витаминот Ц, овој минерал во трагови го поддржува здравјето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските и помага во апсорпцијата на железо. Приближно 10 печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна доза на потребни минерали и витамини.

Костените одат добро со речиси сите омилени вкусови на есента и зимата, вклучувајќи ги јаболката, зелката, прокељот, мисиркиното и свинското месо, со жалфија, мајчина душица и печурки.