Еврејска или поинаква, бајадерата е закон
Сѐ почна од бајадерите на „Краш“. Потоа домаќинките почнаа да прават домашни бајадери во различни варијанти и со различен состав, но секогаш во два слоја прелиени со чоколадо. Еве ја нашата варијанта
Бајадерата е позната во регионот, а својата популарност ја доби благодарение на хрватската компанијата Краш. Откако домаќинките почнаа да ја прават во домашни услови, се појавија различни верзии, во зависност од тоа дали сте употребиле ореви, бадеми или лешници, путер или маргарин, како и во зависност од квалитетот на чоколадото. Во секоја од варијантите бајадерите се направени од два слоја и прелиени со чоколадо.
Рецептот на нашата колешка Билјана е одличен, а познат е како – Еврејска бајадера.
Состојки:
За тестото:
200 г мек путер, на коцки
50 г кафеав шеќер
230 г брашно
5 г пециво
30 г мелени бадеми
За кремот:
200 г кондензирано млеко или 100 г течна павлака
200 г путер
120 г кафеав шеќер
30 г мед
360 г сечкани јатки: ореви, лешници, бадеми…
За чоколадниот ганаш
220 г течна павлака
220 г чоколадо
20 г мед
Приготвување:
1. Измешајте ги сите состојки и печете го тестото на 160 степени околу 30 минути.
2. Во среден лонец ставете ги путерот, млекото, шеќерот и медот и кога ќе зоврие додадете ги сечканите јатки. Тргнете го од огнот и оставете да се излади.
3. Во друг лонец ставете ја павлаката и пред да зоврие тргнете ја од огнот. Потоа додадете го чоколадото и мешајте полека додека се стопи. На крај сипете го медот.
4. Врз испеченото тесто наредете го изладениот крем со јатките и ставете го во фрижидер да се лади околу 2 часа. Потоа одозгора сипете го чоколадниот ганаш. Нека се лади уште 2 часа.