Како да одмрзнете месо за само 10 минути?

Фото: Unsplash
374

Овој трик се користи долго време, а е многу поздрав од одмрзнување на месото во микробранова печка, кон што многумина прибегнуваат.

Треба да растворите една лажица обичен шеќер во топла вода, малку над собна температура (околу 40-45 степени C) и во неа да го ставите парчето месо што сакате да го одмрзнете. Ќе се одмрзне за 10 минути.

Многу е важно претходно да го извадите месото од кесата, фолијата или во што и да сте го чувале.

Месото е веќе подготвено за сечење на парчиња, бидејќи се одмрзнува за само десет минути.

Не се грижете за шеќерот, бидејќи тој само ќе му го подобри вкусот, а текстурата ќе биде мека и нежна.