Неодамнешните студии покажуваат дека црвеното вино потенцијално има способност да го намали ризикот од рак преку спречување на растот на канцерогените клетки, особено оние поврзани со рак на дојка и рак на хранопроводникот. Тоа е затоа што ресвератролот, полифенол во лушпата од грозјето, всушност може да ги убие клетките на ракот, тврдат истражувачите.
Доколку сте љубители на вино, можете да го искористите за вашето здравје со тоа што ќе го консумирате во правилни количини. Освен што ќе ве релаксира по напорниот ден, црвеното вино има и позитивни здравствени придобивки. Едно ново истражување покажа дека една од состојките во црвеното вино го намалува ризикот од развој на дијабетес, проблеми со црниот дроб и други болести поврзани со дебелината.
Можеби тоа не е тајната на вечниот живот, но во црвеното вино може да биде тајната за подолг живот. Пред многу години, научниците открија дека црвеното вино може да го намали ризикот од болести на непцата, срцев и мозочен удар.
Студијата објавена во септември покажа дека умереното консумирање на каберне совињон го намалува ризикот од Алцхајмерова болест. Црвеното вино исто така може да го намали ризикот од рак на простата кај мажите за речиси 50%.
Црвено вино за здравје
Која е тајната на црвеното вино? Д-р Џенет Стенфорд вели: „Еден од главните кандидати е хемиската супстанца наречена ресвератрол, која всушност се создава во кората на црното грозје. Има многу силно антиоксидантно, како и антиинфламаторно дејство“.
И покрај тоа што содржи природни шеќери, црвеното вино всушност може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта. Иако црвеното вино не треба да биде замена за лекови за контрола на гликозата во крвта и плановите за лекување, тоа може да биде корисен додаток во исхраната во умерени количини.
Неодамнешните студии покажуваат дека црвеното вино потенцијално има способност да го намали ризикот од рак преку спречување на растот на канцерогените клетки, особено оние поврзани со рак на дојка и рак на хранопроводникот. Тоа е затоа што ресвератролот, полифенол во лушпата од грозјето, всушност може да ги убие клетките на ракот, тврдат истражувачите на ракот.
Една од најпознатите придобивки на црвеното вино е неговата способност потенцијално да го подобри здравјето на срцето. Конзумирањето на храна и пијалаци богати со полифеноли, како црвеното вино, долго време се поврзува со намален ризик од срцеви заболувања. Црвеното вино има моќ да ја заштити слузницата на крвните садови во срцето додека го зголемува HDL, или „добриот“ холестерол кој му помага на вашето тело да го исфрли лошиот холестерол.
Антиоксидантите присутни во црвените вина ја лекуваат настинката, бидејќи антиоксидантите ги штитат клетките од штетното влијание на слободните радикали кои играат голема улога кај настинки, рак и други болести.
Истражувањето спроведено на средовечни и постари луѓе покажало дека секојдневното пиење умерени количини алкохол ја спречува депресијата. Луѓето кои пијат црвено вино се помалку склони кон депресија од оние кои не пијат.
Исто така, докажано е дека консумирањето вино го намалува ризикот од инфекција со Helicobacter pylori, бактерија која нормално се наоѓа во желудникот.