Ако досега не сте го употребувале просото во вашата исхрана, а сакате да почнете да се храните здраво, еве три рецепти за појадок со просо ќе ви помогнат да го започнете денот здраво и да внесете важни хранливи материи во организмот.
Иако не е многу популарна намирница на трпезата и се смета за храна за птици, просото е исклучително здрава житарка. Рецептите за појадок со просо ќе ви помогнат да го започнете денот здраво и да внесете важни хранливи материи во организмот. Тоа е одлична храна за луѓето кои избегнуваат глутен.
Најчесто се одгледува во земјите во развој, а се користи во исхраната на луѓето и животните. Во продолжение дознајте различни рецепти за подготовка на просо за појадок.
Просото како лек
100 г просо содржи 10 г протеини, минерали и витамини како што се тиамин (42 мг), калциум (8 мг), фосфор (285 мг), железо (3 мг), итн. Просото има бројни здравствени придобивки, вклучувајќи гии следниве:
го намалува крвниот притисок
помага да се одржи дијабетесот под контрола
помага при слабеење
го намалува нивото на „лошиот“ холестерол
го намалува ризикот од рак на дебелото црево итн.
Идеи за рецепти од просо за појадок
Просото можете да го подготвите за хранливо богат појадок во слатка или солена варијанта.
Каша од просо
Кашата од просо е одлична замена за утринската овесна каша. Една чинија од овој вкусен појадок има седум грама протеини и 10% од дневната доза на железо.
Состојки:
1 чаша неварено просо
3 чаши вода
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче
80 г свежи или замрзнати боровинки
30 г сечкани ореви.
Приготвување:
Во тенџере ставете вода, просо, сол, цимет и морско оревче.
Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да се вари 20-25 минути со повремено мешање.
Потоа помешајте ги и боровинките и варете уште три минути.
Сервирајте во четири чинии и поросете со ореви.
Пита со просо
Доколку сакате здрав солен појадок, подгответе ја оваа убава пита со просо.
Состојки:
1 чаша неварено просо
3 чаши вода
1/4 лажичка сол
2 јајца (малку изматени)
6 супени лажици млеко
3 супени лажици скробно брашно
170 г рендано чедар сирење
1 супена лажица маслиново масло.
Приготвување:
Во тенџере со средна големина сварете просо со вода и сол. Варете го 15-20 минути, повремено мешајќи, а на крајот исцедете го вишокот вода, доколку е потребно.
Загрејте ја рерната на 210 °C.
Во поголем сад измешајте ги јајцата, млекото и брашното.
Додадете 100 г сирење и свареното просо и убаво измешајте.
Загрејте го маслиновото масло во тава што е безбедна за рерната.
Ставете ја смесата рамномерно во тавата, лесно притиснете и оставете на рингла 3-4 минути, а потоа префрлете ја тавата во рерна и печете додека површината не добие златна или кафена боја (15-20 минути). Површината треба да биде сува и крцкава.
Одозгора поросете го остатокот од сирењето и ставете го во рерна уште две минути.
Исечете ја питата во форма на триаголници и послужете.
Мафини од просо
Овие вкусни и здрави мафини може да се чуваат неколку дена и лесно се подготвуваат.
Состојки:
1/2 чаша неварено просо
160 г брашно
2 лажички цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
1/8 лажичка морско оревче
2 лажички прашок за пециво
1/4 лажичка сол
160 г јаворов сируп или некој друг засладувач, може и сируп од урми
190 г грчки јогурт
55 г путер (стопен)
1 големо јајце
100 г рендан морков.
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 170 °C. Во калапите за мафини ставете хартиени кошнички за печење.
Во поголем сад измешајте ги просото, брашното, зачините, прашокот за пециво и солта.
Во посебен сад изматете ги јаворовиот сируп, јогуртот, путерот и јајцето.
Во сувата смеса додадете ја влажната смеса и морковите и кратко измешајте, само додека смесата да се соедини. Поделете ја во 12 калапи за мафини и печете 20-25 минути.