Можеби не ѝ обрнувате внимание, но таа е вистинско чудо: Црната ротква e лек за жолчка, црн дроб, бели дробови, тироидна жлезда…
Црната ротквица е лек за жолчка, црн дроб, бели дробови и кашлица. За да ги заштитат своите робови и работници за време на изградбата на Кеопсовата пирамида, Египќаните им давале црни и бели ротквици заедно со моркови и лук.
Црната ротквица се користи како храна со векови, но и како еден од најефикасните природни лекови. Позната е во сите култури, во стариот Рим, Египет, Кина и Јапонија.
Ротквицата како природен лек
Таа е природен антиалерген, антиоксидант, има антибактериски и антиревматски ефекти, антискорбут, антиспазматик, антивирал, детоксификатор, дигестив, диуретик, лаксатив, микотик, регенератор, седатив…
Лечи тироидна жлезда, рак и разни алергии
Црната ротквица е лек за жолчка, црн дроб, бели дробови и кашлица. За да ги заштитат своите робови и работници за време на изградбата на Кеопсовата пирамида, Египќаните им давале црни и бели ротквици заедно со моркови и лук. Знаејќи го веќе тогаш влијанието на црната ротквица врз човековото здравје, Египјаните масовно ја одгледувале црната ротквица за храна и за добивање масло. Денес, црната ротквица најчесто се користи како додаток во јадењата или како зачин со остар и силен вкус.
Ако луѓето кои страдаат од разни алергии, нечистотии на кожата, мозолчиња, разни пеги и габични заболувања, земаат диетални оброци со црна ротквица и пијат сок од црна ротквица, тие се на добар пат да закрепнат.
Црната ротквица помага во лекувањето на најтешките болести, вклучувајќи го и ракот, бидејќи го смирува, чисти, зајакнува и го обновува целиот организам. Денес најчесто се користи во лекување на разни алергии. Салата од црна ротквица значително помага во лекувањето на намалена или зголемена функција на тироидната жлезда.
Отровно масло
Маслото од црна ротквица е отровно и се добива од семето. Западната медицина користи црна ротквица за лекување на акни, астма, артериосклероза, заболувања на црниот дроб, камења во бубрезите, бронхитис, црева, губење на апетит, пролетен замор, гихт, кашлица, иритација на кожата, ишијас, рак, проблеми со белите дробови , против габи; против недостаток на витамин Ц, несоница, надуеност, ревматизам, болести на тироидната жлезда, туберкулоза, уринарни патишта, желудник…
Во случај на компликации со жолчката, бубрезите и црниот дроб во акутна фаза, потребно е со внимание да се зема сок од црна ротквица.
Црна ротквица во борба против настинка
Во однос на вкусот, кожата на црната ротквица има многу посилен вкус од белата внатрешност на црната ротквица. Но, тој лут вкус е одличен во зимските денови. Доказите сугерираат дека лутата храна, како што е црната ротквица, може да спречи и излечи настинка преку стимулирање на мукозните мембрани и чистење на загушувањата.
Сепак, лутиот вкус на црната ротквица не е единственото својство кое спречува настинки и грип, во тоа би можел да помогне и витаминот Ц бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем.
Рецепти со црна ротквица
Природен лек против кашлица – црна ротквица и мед
Најпрво добро измијте ја ротквицата. Потоа, излупете ја кожата и направете вдлабнатина во ротквицата каде што можете да го истурите медот. Се препорачуваат две или три лажички мед.
Бидејќи медот и сокот од ротквица треба да се измешаат за да се добијат посакуваните резултати, најдобро е да ја оставите ротквицата преку ноќ. После тоа, можете да го користите овој напиток како лек за кашлица. Се пие три пати на ден, наутро, попладне и навечер.
Забелешка: Овој пијалок не треба да се дава на деца под една година или на возрасни со проблеми со црниот дроб и бубрезите.
Салата од црна ротквица
Состојки:
4 лажички свежо исцеден сок од лимон
2 лажички сенф
2 црни ротквици, излупени
2 лажички екстра девствено маслиново масло
сол
Приготвување:
Во средна чинија изматете ги сокот од лимон и сенфот, а потоа полека додајте го маслиновото масло и продолжете со матење додека смесата не се соедини.
Изрендајте ја црната ротквица и додадете ја во садот со сокот од лимон, сенф и маслиново масло. Посолете и послужете веднаш.
Ротквица во исхраната
Ротквицата е многу здрава храна, неоправдано запоставена, но е и една од оние намирници кои не треба да се користат секојдневно и во преголеми количини.
Јадливиот дел од ротквицата е ист и кај црната и кај белата ротква.
Салата од ротквица и праз
Состојки:
200 г ротквица
150 г праз
5 лажици масло
Сол
Приготвување:
Ротквицата излупете ја, изрендајте ја и ставете ја во чинија. Додадете го празот исечкан на тенки прстени, па посолете, прелијте со масло и убаво измешајте.