Знаеме, овој совет звучи чудно, но научниците тврдат дека додавањето минимална количина сол на кафето е најдобриот начин да се намали неговата горчина…
Постојат многу начини на кои пиеме кафе и тие зависат од нашиот личен избор, вкус, моментално расположение, време од денот… Во него ставаме разни додатоци – крем, шлаг, млеко, шеќер, мед, вештачки засладувачи, алкохол. … но мора да признаеме дека уште не сме слушнале дека некој си го соли кафето?! Што мислите вие за тоа?
Според научниците, додавањето малку сол на кафето ќе го подобри неговиот вкус, односно ќе ја намали горчината. Горчината е вкус што сакаме да го чувствуваме, на пример, во грејпфрутот, некои диви билки… но дефинитивно не е добредојден во кафето. Обично се смета за недостаток на кафето и се обидува да се избегне при процесот на производство и чување. Се обидуваме да ја ублажиме горчината во кафето со млеко, шеќер, шлаг, мед… но експертите препорачуваат дека солта е всушност најдоброто решение.
Меѓу оние кои се приклучија на овој тренд е и познатиот американски ТВ водител Алтон Браун, познат по шоуто „Iron Chef“ и експерт за фина храна.
„Солта не само што ја намалува горчината на кафето, туку го отстранува и вкусот на застоена вода. На секои шест лажици кафе додавам четвртина лажичка сол. Ова е количина која нема да се почувствува, но ќе го постигнете саканиот ефект. Бидејќи солта, што е и научно докажана, многу подобро ја неутрализира горчината од шеќерот“, вели Алтон Браун.
Единственото нешто на кое треба да обрнете внимание доколку одлучите да додадете сол во вашето кафе е да не претерувате со вкупната количина сол што ја консумирате во текот на денот, бидејќи сите знаеме дека прекумерното консумирање сол може лошо да влијае на нашето здравје. Има и дебата за тоа кога да се додаде сол на кафето. Некои го додаваат на веќе сварено кафе, а некои ставаат малку сол во меленото кафе пред да го сварат.
Како и да е, изборот е ваш… Но задолжително пробајте, бидејќи кафето одлично оди со многу солени јадења, а има и голем број на рецепти за солени јадења во кои се додава кафе. Па зошто да не функционира и овој совет?