Зошто семињата се важни и колку се ефикасни?

207


Симона Коруновска заедно со dm споделува неколку интересни нутритивни факти.

Со различните видови семиња многумина од нас често се среќаваат, но за нивната нутритивна вредност и влијание врз човечкиот организам не се зборува доволно во јавноста. Меѓу другото, семињата се ефикасен начин да се внесат здрави масти, растителни влакна и минерали во исхраната. Исто толку важно е да се знае дека, заради богатството на влакна што го содржат, при нивната консумација е многу значајно да се пие доволно количество вода.

Навистина добар пример е лененото семе. Тоа содржи многу влакна, протеини и калиум. Најдобро е да се јаде сомелено за полесно да се дигестира. Треба да се почне со помало количество, што постепено ќе се зголемува.

Чиа-семето, од друга страна, е извор на омега-три и алфа-линоленска киселина и е одличен избор за тие што не јадат риба. Исто така, доколку рецептот содржи јајце што сака да се избегне, една лажичка чиа и малку вода е извонредна замена. 

Тука се и семките од тиква на кои не треба да им одолеете бидејќи содржат многу минерали, од кои најмногу цинк, кој е важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Нутриционистката Симона, во соработка со dm, споделува ултра брз појадок – овесна каша богата со железо, многу растителни влакна што долго држат ситост и ја намалуваат апсорбцијата на шеќер во крвта.

На youtube – каналот на dm може да го погледнете целиот рецепт, кој одлично ќе ви се најде кога немате идеја што да појадувате.

Ова се неколку факти кои ја прикажуваат исклучителната нутритивна вредност на едноставната овесна каша што ја подготви Симона:

– Овесните снегулки изобилуваат со комплексни јаглехидрати и растителни влакна кои ја помагаат цревната перисталтика, ја подобруваат опстипацијата, долго држат ситост и помагаат при регулирање на шеќерот во крвта.

– Малините се продукт кој има ниско ниво на шеќер и калории, но многу антиоксиданси и танини кои можат да помогнат во борбата со оксидативниот стрес, регулирањето на шеќерот во крвта, инфламаторните процеси во телото, како и стареењето.

– Путерот од лешници освен што е вкусен, има заситени масти кои можат да ја помогнат борбата со лошиот холестерол и при регулирање на притисокот.

– Јагодите се едни од омилените овошја, а овошниот намаз со 75 отсто јагоди е одличен начин да уживаме во нив и кога ќе заврши нивната сезона. Тие имаат многу активни био компоненти, може да помогнат во заштита на кожата и да превенираат одредени хронични заболувања.

Повеќе интересни нутритивни факти, рецепти и совети во соработка со Симона Коруновска може да погледнете на веб-сајтот на dm!