Печурки, печурки и само печурки! Ако сакате да ослабнете без да чувствувате глад

Фото: Pexels/Pixabay
281

Не станува збор за некое волшебно средство за слабеење, ниту пак станува збор за трик. Едноставно, ако сакате да ги стопите масните наслаги, јадете печурки. Еве нешто повеќе за оваа диета со печурки

Кога сакате да ослабнете, а се плашите дека нема да издржите некој строг режим на исхрана поради кои ќе бидете повеќе гладни отколку сити, имајте ја на ум оваа диета со печурки.

Имено, влакната во печурките ја подобруваат работата на цревата и создаваат чувство на ситост после кое нема да посегате по нездрави брзи залчиња кои се најодговорни за таложењето на маснотиите на критичните делови од телото. Токму затоа диетата со печурки е идеална за сите кои не го поднесуваат  чувството на глад.

Печурките се здрави намирници богати со протеини заради што се нарекуваат „месо за вегетаријанци“. Оваа вкусна билка може да биде добар сојузник за сите кои сакаат да ослабнат, но на здрав начин.

Во оваа диета нема гладување и исцрпување на телото со една намирница што во другите режими предизвикува несакан јо-јо ефект и ослабена состојба на организмот. Поентата е во тоа што се исфрла месото од менито, а се заменува со печурки.

„Главниот фокус на диетата е во замена на еден месен оброк со печурки и тоа 4 пати неделно“.

Предности на диетата со печурки

Составот на печурките го сочинуваат белковините и влакната кои создаваат ситост, а имаат многу малку калории. Имено, 150 грама печурки содржат само 30 калории.

Предноста на оваа диета се крие во подобрувањето на изгледот затоа што печурките содржат високи количини витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои ги хранат кожата, косата и ноктите.

Режим на диетата со печурки

Диетата се спроведува во тек на 5 недели при што треба да се придржувате до внесување на 1.550 калории на ден што дневно вклучува консумирање на 5 порции овошје и зеленчук, како и 0,5 л млеко за да се обезбеди адекватен внес на хранливи материи.

Главниот фокус на диетата е на замената на еден месен оброк со печурки и тоа неколку пати неделно.

Кај нас најмногу се консумираат шампињони, буковка и вргањ, но и сите останати видови печурки се нискокалорични па е сеедно кои ќе ги користите како замена за месото.

Совет: Бидејќи шампињоните се сепак најзастапени, подгответе ги такашто ќе ги исечете на тенки парчиња и динстајте ги само неколку минути (5 до 7), за да ги сочувате хранливите материи.

Идеи за вкусни оброци

меленото месо во шпагетите заменете го со шампињони

Наместо пилешко во рижотото користете шампињони

Вкусен гулаш можете да направите од вргањ и шампињони наместо од месо

Месото во хамбургер заменете го во буковки печени во фолија

Со мешање на три вида печурки направете паштета и јадете ја наместо месна паштета.

За да му обезбедите на телото хранливи материи, влакна, протеини и белковини, потребни се 250-300 г свежи печурки кои треба да се консумираат во рамките на еден оброк.