Ослободете се од воспалението на природен начин: Моќна комбинација од куркума и ѓумбир (ВИДЕО)

Принтскрин: Јутјуб/ ONE DAY ONE RECIPE
349

Природната паста од куркума и ѓумбир е одлична за решавање на воспалителни процеси.

Оваа природна паста се користела за лекување на воспаленијата во телото уште многу одамна. Таа е ефикасна затоа што во најголем дел е направена од куркума, за која е познато дека има антиинфламаторно дејство, како и од ѓумбир, за кој е познато дека го намалува производството на леукотриени кои поттикнуваат воспаление на зглобовите. Овие две состојки се основни, а со додавање на црн пипер само се поттикнува апсорпцијата на куркуминот од куркумата, а додавањето на кокосовото масло ќе ви помогне да ги почувствувате сите благодети на овој лековит зачин. Медот се користи како антиоксидативно и антибактериско средство.

Состојки:
4 супени лажици куркума
1 лажица ѓумбир
малку црн пипер
1 лажица мед
1 лажица кокосово масло
10 лажици вода
Приготвување:
Измешајте ги во еден сад куркумата, мелениот ѓумбир, црниот пипер, медот, кокосовото масло и водата. Добро измешајте ја смесата, па истурете ја во стерилизирана тегла. Се пие такашто една лажичка од пастата се меша со млеко. Можете да ја чувате во фрижидер еден месец.